Едрење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едрилици во Росток

Едрење е вештина на пловење со помош на ветрот како движечка сила. Едрењето данас може да биде рекреативно или спортско. Може да се едри на даска, во чамец или брод, на езеро или на море.

Посебни видови на едрења се: едрење на мраз, каде пилотот е на лизгалки, скии или сноуборд, и едрење на копно, обично на песочни плажи во колички со три тркала и едро.

Историја[уреди | уреди извор]

Илјада години едрењето имало големо значење за транспорт и трговија, риболов и војување. Кон крајот на XIX век, значењето на едрењето опаѓање со појавата на моторизирани бродови кои не се зависини од временските прилики, кои се побрзи и бараат помалку луѓе и други трошоци.

Во некои помалку развиени делови од светот едрењето и до ден-денес задржало извесно трговско значење. На пример, едрениците и денес пловат од Персискиот Залив кон Индија и Африка.

Низ историјата, едрениците се менувале по конструкција и големина. Најмалите едрилици имаат само еден патник, додека најголемите едреници опслужуваат десетина морнари. Развиени се и многубројни едриличарски маневри кои во спортското едрење досегнале го својот врв.

Спортско едрење[уреди | уреди извор]

Првите едриличарски регати, организирани само за натпреварување и забава, се забележани во XVIII век. Во 1900 година, едрењето станало олимписки спорт, а трките се одржуваат во повеќе класи едрилици. Почетниците најпрвин се натпреваруваат во класата „оптимист“, во поединечна конкуренција. Класата на едрилицата зависи од повеќе фактори, како: должината на пловилото, бројот и висината на јарболите, обликот на едрата и материјалот од кој се изработени, итн.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велибор Токовиќ, „Едрење - преку авантура до скриени убавини“, Betty магазин, година V, број 54, август 2018, стр. 28-29.