Варајски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Варајски
варај-варај
Binisaya, Samarenyo, Samar-Leyte, Binisaya nga Winaray
Застапен во Филипини
ПодрачјеИсточни Висаи (островот Самар и источните делови на покраината Лејте), источните делови на покраината Билиран и извесни делови на покраините Масбате и Сорсогон
НародВарајци
Говорници2,5 милиони  (2000)e18
5. по застапеност во земјата[1]
Јазично семејство
Дијалективарајски, самар-лејте, северносамарски
Писмолатиница;
порано: бадлит
Статус
Службен воФилипините (како регионален)
Регулативен органКомисија за филинскиот јазик
Јазични кодови
ISO 639-2war
ISO 639-3war
{{{mapalt}}}
Распространетост на варајскиот јазик

Варајски јазик (Waray), варај-варај (Waray-Waray), бинисаја (Binisaya), винарајски јазик (Winaray) или самар-лејте (Samar-Leyte)[2] — домороден јазик кој се говори Самар, Северен Самар, Источен Самар, Билиран и во североисточниот дел на островот Лејте (во околината на Таклобан) на Филипините. Името потекнува од зборот варај (што значи „ништо“ или „никој“) кој туѓинците го слушале од Варајците, исто како што Себуанците во Лејте се нарекуваат „мга кана“ (по себуанскиот збор кана, што значи „она“).

Употреба[уреди | уреди извор]

Варајскиот е еден од десетте признаени регионални јазици на Филипините и се користи во месната управа.

Сепак, печатените медиуми на овој јазик се ретки бидејќи највеќето весници во регионот се на англиски. Варајскиот е богослужбен јазик во римокатоличката црква во регионот и на истиот се издаваат библии.

Варајтскиот содржи голем број на заемки од разни јазици, прилагодени да ги пополнат лексичките празнини.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Philippine Census, 2000. Table 11. Household Population by Ethnicity, Sex and Region: 2000
  2. Ethnologue. SIL International.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]