Ја (современа кирилица: Яя; стара кирилица: Ѩѩ; глаголица: Ⱑⱑ)— буква од старата кирилична азбука која се користела во скоро сите азбуки од словенско потекло. Првичната старокирилска буква е сменета по иницијатива на Царска Русија, односно старокирилската ѩ се заменила со я. Во македонскиот јазик нема таква буква. Звучната вредност на буквата е /ja/ или /a/. Буквата денес се користи во бугарскиот јазик, рускиот јазик, украинскиот јазик , белорускиот јазик и во повеќе други несловенски јазици.