Прејди на содржината

Шушенски Бор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Шушенски Бор
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоКраснојарски крајРусија Русија
Најблизок градШушенско
Површина392 км2
Воспоставен(а)1995 година

Шушенски Бор (руски: Шушенский бор) — национален парк што се состои од две претставителни шуми на крајниот југозапад на Сибир, во северниот дел на Западните Сајански планини. Северниот дел е лесостепа, а јужниот дел е планинската четинарска шума. На јужниот дел од паркот се граничи со вештачко езеро на реката Јенисеј зад Сајано-Шушенската хидроелектрана, најголемата хидроелектрана во Русија. Шумата има важна биоразновидност и рекреативно значење за планинарење и туристите. Сместен е во Шушенскиот дистрикт во Краснојарски крај.[1]

Топографија

[уреди | уреди извор]

Шумата се состои од две секции: помала („Перовски“), што е релативно рамна лесостепа, 60 км северно од планинскиот венец Западен Сајан и многу поголема „Планинска секција“ на северните падини на Западен Сајан. Шумата ја покажува транзицијата помеѓу две климатски зони - лесостепи и тајга, како и различни видови дрвја и шуми на различна надморска височина. Перовскиот дел ( зона на лесостепа, 4,410 ха) и Планинскиот дел (Западен Сајан, 34,760 ха) заедно имаат површина од 39,170 ха.[1]

Положбата на Националниот парк Шушенски Бор

Западните и јужните граници на паркот се формирани од Сајано-Шушенското езеро, јужно од Сајано-Шушенската хидроелектана.

Во планинската секција доминира масивот Борус, висок гребен со пет врвови. Највисокиот врв е Мт Поилово висок 2,309 м.[2]

Клима и екорегион

[уреди | уреди извор]

Климата во националниот парк Шушенски Бор е „ умереноконтинентална клима “ ( Кепенова класификација на климата Dfb), со големи сезонски температурни промени, со топли и суви лета и ладни зими.[3]

Шушенско, (Русија)
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&100000000000000050000000,5
 
&100000000000000070000007
&09999999999999984999999−15
 
 
&100000000000000040000000,4
 
&1000000000000001300000013
&09999999999999986999999−13
 
 
&100000000000000040000000,4
 
&1000000000000003000000030
&100000000000000050000005
 
 
&100000000000000090000000,9
 
&1000000000000005000000050
&1000000000000002700000027
 
 
&100000000000000170000001,7
 
&1000000000000006600000066
&1000000000000003900000039
 
 
&100000000000000230000002,3
 
&1000000000000007700000077
&1000000000000005100000051
 
 
&100000000000000030000003
 
&1000000000000008000000080
&1000000000000005600000056
 
 
&100000000000000280000002,8
 
&1000000000000007600000076
&1000000000000005100000051
 
 
&100000000000000190000001,9
 
&1000000000000006400000064
&1000000000000003900000039
 
 
&100000000000000130000001,3
 
&1000000000000004600000046
&1000000000000002700000027
 
 
&100000000000000080000000,8
 
&1000000000000002600000026
&100000000000000080000008
 
 
&100000000000000060000000,6
 
&1000000000000001200000012
&09999999999999992999999−7
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм
Извор: climate-date.org

Планинскиот дел на Шушенски Бор припаѓа на екорегионот „Четинарска шума на планината Сајан“ (WWF ID # 509).[4] Овој екорегион го опфаќа централниот дел на сибирските планини, во транзиционата зона помеѓу сибирската тајга и монголската степа. Флората и фауната во паркот се различни во зависност од релјефот и надморската височина на паркот.

Со исклучок на тундрата на врвот на масивот Борус, шумата припаѓа во субалпската зона и е поделена на три подзони. Над 1,400 м, преовладува тајгата со светлоиглолисни четинари. Од 900 до 1,400 м е тајга со темноиглолисни четинари. Под 900 м се наоѓа црна борова тајга на богато алувијално земјиште.[4] Во пролетта, алпските ливади стануваат зелени и цветаат.

Во паркот живеат бројни цицачи како што се: зајак, црвена верверица, кафеава мечка, лисица, елен, срна, мошусен елен, лос и дива свиња.[1] Податоците за птиците укажуваат на присуство на 272 видови, вклучително и сури орел (Aquila chrysaetos), орелот рибар (Pandion haliaetus) и црниот штрк (Cinonia nigra).[2]

Планинарењето и екотуризмот се популарни поради оддалеченоста и разновидноста на теренот, растенијата и животните. . Постојат добро развиени образовни патеки, а паркот нуди водичи и услуги. Посетителите мора да се регистрираат и да купат билет за планинската секција од паркот. Паркот исто така организира крстарење по езерото (понекогаш наречено „Сајанско Море“).[2]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Official Site, National Park "Shushensky Bori" (руски). FGBU Shushensky Bor. Архивирано од изворникот на 10. 01. 2016. Посетено на 10. 01. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Borus Massif, Sushensky National Park“. EcoSiberia. Архивирано од изворникот на 4. 03. 2016. Посетено на 10. 01. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. „Climate Data, Kosh-Agach“. climate-data.org.
  4. 4,0 4,1 „Sayan Montane Conifer Forest“. Encyclopedia of Earth. Посетено на 11. 01. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)