Шумадиски Округ

Координати: 43°59′N 20°53′E / 43.983° СГШ; 20.883° ИГД / 43.983; 20.883
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шумадиски Округ
Шумадијски округ
Šumadijski okrug
Округ во Србија
Слики од Шумадискиот Округ
Местоположба на Шумадискиот Округ на картата на Србија
Местоположба на Шумадискиот Округ на картата на Србија
Држава Србија
RegionШумадија и Западна Србија
Административен центарКрагуевац
Управа
 • Началник на округотБиљана Илиќ Стошиќ (СНС)
Површина
 • Вкупно2,387 км2 (0,922 ми2)
Население (попис во 2011)
 • Вкупно293,308
 • Густина122,9/км2 (3,180/ми2)
ISO 3166RS-12
Општини6 и 1 град
населби174
- Градови5
- Села169
Мреж. местоsumadijski.okrug.gov.rs

Шумадиски Округ (српски: Шумадијски округ / Šumadijski okrug) - една од осумте административни области на Шумадија и Западна Србија. Се наоѓа во централните делови на земјата. Според резултатите од пописот од 2011 година, округот брои 293.308 жители, а негов административен центар е градот Крагуевац. Округот е именуван по географскиот регион Шумадија.

Општини[уреди | уреди извор]

Карта на округот Шумадија

Шумадискиот Округ е поделен на 6 општини и градот Крагуевац. Општините на округот се:

Демографски податоци[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948216.533—    
1953227.929+5.3%
1961241.047+5.8%
1971264.344+9.7%
1981301.354+14.0%
1991312.160+3.6%
2002298.778−4.3%
2011293.308−1.8%

Според последниот официјален попис направен во 2011 година, округот Шумадија имал 293.308 жители. 64,9% од населението живеело во урбани средини. Етничкиот состав на областа бил:[1]

Етничка група Популација %
Срби 282.772 96,41%
Роми 2.095 0,71%
Црногорци 927 0,32%
Македонци 421 0,14%
Хрвати 281 0,10%
Југословени 266 0,09%
Муслимани 126 0,04%
Горанци 103 0,04%
Други 6.307 2,15%
Вкупно 293.308

Култура и историја[уреди | уреди извор]

Во околината на Крагуевац се наоѓаат неколку средновековни манастири, меѓу кои и манастирот Благовештение Дивостин од XIII век; манастирот Свети Никола, за кој се верува дека постоел во времето на битката за Косово во 1389 година; и манастирот Драча од непознати времиња.

Во 1833 година во Крагуевац била основана Крагуевачката гимназија, првата гимназија на српски јазик јужно од реките Сава и Дунав. Последните педесет години овој град на српско школување носи симбол на тагата: во Меморијалниот парк во Шумарице стои споменик на учениците и наставниците од оваа гимназија кои беа погубени во Втората светска војна. Како застрашувачки пример за цела Србија, германските фашисти егзекутирале 7.000 граѓани во Крагуевац во текот на еден ден, на 21 октомври 1941 година. Меѓу нив имало околу 300 ученици и 18 наставници, од кои 15 момчиња на возраст од 8 до 15 години.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис становништва, домаћинстава и станова 2011. у Републици Србији“ (PDF). stat.gov.rs. Republički zavod za statistiku. Посетено на 15 December 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]