Штука (риба)
| Штука | |
|---|---|
| Северна штука во П’лзењската зоолошка градина | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Esox |
| Вид: | Штука |
| Научен назив | |
| Esox lucius Карл Линеј , 1758 | |
| Распространетост на северната штука како што е традиционално дефинирана (вклучувајќи ги популациите што сега често се сметаат за посебни видови: Амур, Аквитанска и јужни штуки ) | |
Северната штука (Esox lucius) — вид месојадна риба од родот Esox (штуки). Тие најчесто се наоѓаат во слатките води на северната полутопка (т.е. холарктичка по распространетост). Тие се познати едноставно како штука ( во Велика Британија, Ирска, поголемиот дел од Источна Европа, Канада и САД, иако во Средниот Запад на Соединетите Американски Држави, тие може да се наречат само северна риба.[2]
Карактеристики
[уреди | уреди извор]Штуката се одликува со издолжено, вретенесто и мускулесто тело покриено со ситни крлушки и во размер со големината на телото исклучително голем и силен опаш. Вакавата нејзина градба и овозможува штуката при нападот да развие брзина и до 11 метри во секунда, што се смета за рекорд помеѓу рибите. Ваквото снажно убрзување се должи пред се на опашот, но и дебелината на задниот дел на нејзиното тело, т.е дршката на опашот. Дополнително и помагаат и другите перки, особено грбната која е поставена малку наназад, скоро во иста положба како нејзината подопашестна перка.
Дополнителна карактеристика на телото на штуката, која исто така ја разликува од другите риби претставува нејзината голема уста и многу бројните заби, што ја прави штуката еден од најголемите водни предатори во водите во кои живее и врста која според изгледот на устата наликува на крокодил. Штуката има поголем број, различни по големина заби кои се поставени во сите делови на виличната коска. Во горниот дел од нејззината вилица се поставени поголем број ситни заби, а во долниот дел неколку поголеми. За овој нејзин детал риболовците доста често се предупредуваат. Штуката може устата дупло пошироко да ја отвори и доколку ова се комбинира со широкото грло и растегливиот желудец, лесно е да се свати зошто штуките напаѓаат покрупен плен и зошто и најмалите штуки можат да проголтаат за нив големо парче плен.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Штуката е риба која живее на низинските води, реки, езера и бари. Доста често може да се забележи и во бари кои најмногу се полнат од излевањето на реките и потоците после обилни врнежи.
Во однос на изхраната на штуката, таа јаде се што може да проголта, па дури ни на припадниците на својот род и токму затоа ја викаат ајкула во слатките води. Во однос на својата големина, штуката дефинитивно е рибата која голта најголем плен. Ова го објаснува нејзиното алчо напаѓање на воблери и кедери кои се нешто помали од нејзе самата.
За време на мрстење, штуката не се интересира многу за хранење, но затоа пак после овој период, штуката тргнува во поход и силно напаѓа, што преставува и голема шанса за рибарите кои се заинтересирани за оваа убавица-предатор. Овој период всушност е и периодот кој дава најдобри резултати во ловот на штука.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Што се однесува до нејзината исхрана, треба да се нагласи дека штуката почнува да се храни со мали рипчиња пред сите останати предаторски врсти. После само два месеци од животот и при должина од само неколку сантиметри, малите штуки започнуваат да ги напаѓаат другите мали риби. При тоа, нејзиниот инстинкт е до толку силен што доста често после пролетниот мрест, доколку временските прилики за мрест на другите врсти на риби се неповолни, или доколку мрестот касни, штуката започнува да ги напаѓа и помалите припадници на својата врста. Веќе во април и мај по должината на обраснатата обала во барите, каналите, реките и езерата можат да се забележат ситните штуки, како се уредно подредени и во „замрзната“ положба го чекаат својот плен. Притоа, што се однесува до нејзиниот напад, како што кажавме тој е еден од најбрзите во однос на рибите во целиот свет, сепак максималната брзина на пливање на штуката и не е така инпозантна и таа не преоѓа 60 км на час. Тоа укажува дека штуката не е упорен прогонител и дека во случај на неуспешен првичен напад, брзо се откажува од понатамошно гонење на пленот.
Со завршувањето нa првата сезона од животот на штуката, во зависност од условите во кои напредувала, таа може да достигне должина и до 30 сантиметри. При оваа прва сезона од својот живот, штуката интензивно се храни со секој плен кој може да го проголта. Во овој период не бираат храна и најчесто ги јадат рипчињата од врстата која е најнаселена во водата во која живее и штуката. Кога другите рипчиња ги нема во доволен број, како што беше спомнато, кај штуката се раѓа „канибализам“.[3] и таа започнува да си ја јаде својата врста. Повозрасните штуки освен со риби се хранат и со жаби, ситни водни птици, патки и со други поситни водени животинки. Кога штуките надминуваат 700 mm должина, тие се хранат со поголеми риби. [4]
Размножување
[уреди | уреди извор]
Штуките имаат силно однесување на враќање „дома“;[5] тие природно живеат во одредени области. Во текот на летото, тие имаат тенденција да се групираат поблиску до вегетацијата отколку во текот на зимата.[6]
Својата зрелост штуките ја постигнуваат на својата 3-4 годишна возраст. Штуката се мрести прва и пред сите при крајот на зимата од февруари до април. Својата икра ја лепи на водните растенија на само неколку сантиметра длабочина и инкубацијата на јајцата трае 10-15 дена после оплодувањето. Малите штуки напредуваат многу брзо и само после 1,5-2 месеци од нивното изведување, со своја големина од 3-5 см, дефинитивно преоѓаат на исхрана со риба. Тоа е всушност времето кога се изведуваат младите на другите врсти и токму затоа младите на штуката брзо напредуваат.
Северната штука обично живее до 10-15 години, но понекогаш и до 25 години.[7]
Големина
[уреди | уреди извор]Штуката може да порасне до релативно голема големина. Нивната просечна должина е околу 40–55 см, со максимални регистрирани должини до 150 см и максимална тежина од 28,4 кг. [8] Меѓународното здружение за риболов и дивеч моментално признава штука од 25 кг фатена од Лотар Луис на езерото Греферн, Германија, на 16 октомври 1986 година, како северна штука што го држи светскиот рекорд за улов.[9] Северната штука расте до поголеми димензии во Евроазија отколку во Северна Америка, а во крајбрежните евроазиски региони отколку во внатрешните.[10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ NatureServe (2018). „Esox lucius“. Црвен список на загрозени видови. 2018. doi:10.2305/IUCN.UK.2018-2.RLTS.T135631A133427422.en. Посетено на 19 February 2022. Занемарен непознатиот параметар
|errata=(help); Занемарен непознатиот параметар|article-number=(help) - ↑ Loesche, Max (2022-08-27). „Different Names for Northern Pike (From Around the World)“. Strike and Catch (англиски). Посетено на 2024-02-08.
- ↑ Giles, N.; Wright, R. M.; Nord, M. E. (1986). „Cannibalism in pike fry, Esox lucius L.: some experiments with fry densities“. Journal of Fish Biology. 29 (1): 107–113. Bibcode:1986JFBio..29..107G. doi:10.1111/j.1095-8649.1986.tb04930.x.
- ↑ Mann, R. H. K. (1976). „Observations on the age, growth, reproduction and food of the pike Esox lucius (L.) in two rivers in southern England“. Journal of Fish Biology. 8 (2): 179–197. Bibcode:1976JFBio...8..179M. doi:10.1111/j.1095-8649.1976.tb03930.x.
- ↑ Eklov, P. (9 April 2011). „Effects of Habitat complexity and prey abundance on the spatial and temporal distributions of perch and pike“. Canadian Journal of Fisheries and Aquatic Sciences. 54 (7): 1520–1531. doi:10.1139/f97-059.
- ↑ Jepsen, N.; Beck, S.; Skov, C.; Koed, A. (2001). „Behavior of pike (Esox lucius L.) > 50 cm in a turbid reservoir and in a clearwater lake“. Ecology of Freshwater Fish. 10 (1): 26–34. Bibcode:2001EcoFF..10...26J. doi:10.1034/j.1600-0633.2001.100104.x.
- ↑ Pike Fish. Canal & River Trust, UK
- ↑ „Esox lucius Linnaeus, 1758 Northern pike“. Fish Base. fishbase.org. Посетено на 2 February 2017.
- ↑ „pike, northern (Esox lucius)“. IGFA World Record. IGFA Online. Посетено на 2 February 2017.
- ↑ Rypel, A.L. 2012. Meta-analysis of growth rates for a circumpolar fish, the northern pike (Esox lucius), with emphasis on effects of continent, climate and latitude. Ecology of Freshwater Fish 21: 521–532.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Штука (риба)“ на Ризницата ? |
| „Esox lucius“ на Викивидовите ? |
- New Jersey fact sheet on tiger musky
- NAS – USGS fact sheet on tiger musky Архивирано на 11 мај 2009 г.
- Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2009). "Esox lucius" — FishBase. 7 2009 г.
|