Штрумфови (филм)
Изглед
Штрумфови (англиски: The Smurfs) - американски анимиран филм од 2011 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Штрумфовите се појавуваат на големото платно во филмски хибрид помеѓу акција во живо и анимирана семејна комедија. Кога злобниот волшебник Гаргамел ги брка Штрумфовите надвор од нивото село, тие се присилени да влезат во еден портал и од нивниот свет да се префрлат во нашиот, пристигнувајќи среде Централ парк во Њујорк. Со височина колку неколку јаболки, во „Големото јаболко“ Штрумфовите мора да најдат начин да се вратат во своето село, пред да ги најде Гаргамел.[1]