Што има ново, маче (филм)
„Што има ново, маче?“ (англиски: What's New Pussycat?) е филм од 1965 година, во режија на Клајв Донер (Clive Donner), снимен по сценариото на Вуди Ален (неговото прво сценарио). Главните улоги ги играат: Питер О’Тул (Peter O'Toole), Питер Селерс (Peter Sellers), Роми Шнајдер (Romy Schneider), Пола Прентис (Paula Prentiss), Вуди Ален (Woody Allen), Капусин (Capucine), Урсула Андрес (Ursula Andress) и Едра Гејл (Eddra Gale). [1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Мајкл Џејмс (го игра О’Тул) е уредник на модно списание. Тој оди кај психијатарот Фасбендер (го игра Селерс) за да ги реши своите проблеми во односите со жените. Освен бројните убавици кои секојдневно го опкружуваат, тој има проблеми и со свршеницата Керол (ја игра Шнајдер), која едвај чека да се омажи со него. Кога Мајкл ќе го посети познатото собиралиште на вљубените, еден хотел во Париз, состојбата ескалира со невидени размери...[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Retrospektiva Woodyja Allena: Što ima novo, mačkice?, britansko-američko-francuski film (пристапено на 19.3.2024)
- ↑ „Што има ново, маче?“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 16.
- Британски филмови
- Американски филмови
- Француски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови на Клајв Донер
- Филмови со Роми Шнајдер
- Филмови со Питер О’Тул
- Филмови со Питер Селерс
- Филмови со Пола Прентис
- Филмови со Вуди Ален
- Филмови со Капусин
- Филмови со Урсула Андрес
- Филмови со Едра Гејл
- Филмски комедии
- Филмови од 1965 година
- Филмови чие дејствие се одвива во Париз