Што да очекуваш кога очекуваш (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Што да очекуваш кога очекуваш“
200п
Филмски постер
Режисер Кирк Џонс
Продуцент Мајк Медавој
Арнолд Месер
Дејвид Твејтс
Настапуваат Камерон Дијаз
Џенифер Лопез
Елизабет Бенксs
Чејс Крафорд
Бруклин Декер
Ана Кендрик
Метју Морисон
Денис Квејд
Крис Рок
Родриго Санторо
Музика Марк Мадерсбо
Кинематографија Хавиер Перез Гробет
Монтажа Мајкл Беренбом
Студио Alcon Entertainment
Phoenix Pictures
What to Expect Productions
Georgia Public
Дистрибутер Lionsgate Films
Премиера мај 18 2012 (2012-05-18)
Времетраење 110 минути
Држава Соединетите Американски Држави
Јазик Англиски
Буџет 40 милиони долари
Бруто заработка 83,9 милиони долари

Филмот „Што да очекуваш кога очекуваш“ е американска романтична комедија од 2012 година, во режија на Кирк Џонс, со сценарио на Шона Крос и Хедер Хач и се води според прирачник за трудници со исто име. Главните улоги им се поделени на целата актерска екипа составена од Камерон Диаз, Џенифер Лопез, Елизабет Бенкс, Чејс Крафорд, Бруклин Декер, Ана Кендрик, Метју Морисон, Денис Квејд, Крис Рок и Родриго Санторо. Исто така, во филмот на кратко се појавуваат и други славни личности како кошаркарот на НБА - Двејн Вејд, поранешната актерка од серијата The Hills - Витни Порт, актерката од Вил и Грејс - Меган Мјулели, членката на групата „Girls Aloud“ и судијката во шоуто „X Factor“ - Шерил Кол, кореографот од музичкото шоу „Мислите дека знаете да танцувате?“ (од анг. You think you can dance) и гостин-судија - Тајс Диорио и членот на музичката група „Black Eyed Peas“ - Табу. Филмот за прв пат се прикажа на 18 мај 2012 година.

Воведен дел[уреди | уреди извор]

Во оваа приказна се зборува за петте двојки од Атланта коишто ги уживаат многуте задоволства за време на бременоста. Ремзи и Скајлер се венчани. Синот на Ремзи, Гери е венчан со Венди. Братучетка ѝ на Скајлер е Роси, којашто е во врска со Марко. Гери присуствуваше на програмата за слабеење на Џулс. Таа се запозна со танцувачот Еван во едно шоу посветено на натпреварување во танцување и сега тие ќе имаат бебе. На крај, за да се поврзе сè, фотограферката на Венди е Холи (којашто е мажена за Алекс) и Венди ѝ предлага на Скајлер понатаму да ја ангажира Холи за нејзините фотографии.

Продукција[уреди | уреди извор]

Чејс Крафорд, Бруклин Декер, режисерот Кирк Џонс и Елизабет Бенкс присуствувале на премиерата во Њујорк. Филмот „Што да очекуваш кога очекуваш“ се базира на истоимената книга, којашто ја напишаа Хајди Маркоф и Шерон Мејзел, а сценариото го адаптираше Хедер Хач и го преработи Шона Крос. Кирк Џонс е режисер на филмот. На 14 јануари 2010 година, филмското студио „Lionsgate“ од „Phoenix Pictures“ ги доби правата за прикажување на филмот во целиот свет. На 9 јули 2011 се одржа јавен повик за распределба на улогите на бремени жени и Етиопјанци. Филмот започна со сликање на целата актерска екипа во Атланта на 19 јули 2011 година. На 26 јули, снимањето продолжи во Мидтаун, на Пичтри Стрит, близу до „High Museum“ и во паркот во Пиемонт.

Прифатеност[уреди | уреди извор]

Критики[уреди | уреди извор]

Филмот добил оценка од 23% на Rotten Tomatoes, од 127 критики. Најголемиот дел од критиките од филмските критичари биле негативни. Питер Траверс од весникот Rolling Stone го оценил филмот со еднаипол ѕвездичка и пишува дека самиот филм „те тера да повратиш“, но ја фали избраната актерска екипа. Мат Стивенс од сателитската телевизиска мрежа E! Online дава негативни критики за филмот и изјавува дека шегите се „очигледни“ и „малку драма би можела да го извади од листата на „Многу посебна епизода“ од жанрот „комедија на ситуација“ – и сè да се реши веднаш после паузата за реклами“. Помеѓу другите критичари, Бетси Шарки од весникот Los Angeles Times ја забележа збрката во филмот којшто брзо се шири и подробно ја опишува бременоста во петте двојки и напишала дека „Наместо да се даде занимливо објаснение на почетокот, во филмот се прави збрка“. Весникот New York Daily News го оцени филмот со триипол ѕвездички и напиша: „За среќа, и да не си родител, филмот е едно прилично пријатно и забавно патување со единствена порака и до родителите и до оние кои некогаш имале мајка или татко“ и дека најтрогателниот момент во филмот е сцената кога улогата на Џенифер Лопез патува во Етиопија за го земе детето коешто го посвојува.