Штолберг (амт)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Штолберг (германски: Stollberg) — општинска заедница во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓала на брегот на Северното Море, околу 25 километри северозападно од Хузум. Штолберг бил именуван по ридот Штолберг, висок 44 метри и највисок во Северна Фризија. Нејзиното седиште било во Лангенхорн. Во април 2008 година, Штолберг се споил со општинската заедница Бредштет-Ланд и градот Бредштет и ја создале општинската заедница Средна Северна Фризија.

Општинската заедница Штолберг се состоела од следниве општини:

  1. Баргум
  2. Борделум
  3. Лангенхорн
  4. Окхолм

Координати: 54°40′N 8°55′E / 54.667° СГШ; 8.917° ИГД / 54.667; 8.917