Прејди на содржината

Штитеста весларка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штитеста весларка
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Каранфили
Род: Весларка
Вид: Штитеста весларка
Научен назив
Holosteum umbellatum
L.

Штитеста весларка (науч. Holosteum umbellatum) е вид цветно растение од семејството каранфили. Потекнува од Европа, но е воведено и во Северна Америка.

Во Македонија расте по суви тревести и песокливи места, покрај грмушки, по насипи, пасишта, селски пасишта, каменливи почви, камењари, ниви и напуштени ниви. Видот е распространет по целата територија на Македонија, од низините до 1300 метри надморска височина.[1]

Ова е едногодишно растение високо 5-25 см, вертикално, сивкаво и со променливо присуство на жледести влакна во долниот и горниот дел, а може да биде и голо. Базалните листови ланцетовидни, со куси дршки и образуваат розета. Цветовите се на број 3 до 10, со тенки и нееднакво долги дршки групирани во прост штит, цветните дршки кај младите плодови се спуштени надолу. Венечните ливчиња се бели или розеви.[1]

  1. 1 2 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I, св. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253-254.