Прејди на содржината

Штипски Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штипски Округ (1913-1914, 1915-1918, 1945-1947)
Брегалнички Округ (1914-1915, 1918-1922)
Округ на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
Освоени земји на Бугарија во Првата балканска војна (1913)|
 
Кумановски Округ (1913)|
 
Скопска Област (1944)|
6 септември 1913–3 јануари 1947 Брегалничка Област (1922)|
 
Велешки Округ (1945)|
Главен град/седиште Штип
Составни делови 1913-1915, 1918-1922:
Окружен Град Штип, Кочански Срез, Малешки Срез, Овчеполски Срез, Радовишки Срез, Царевоселски Срез, Штипски Срез
1915-1918:
Кавадаречка Околија, Кочанска Околија, Неготинска Околија, Пехчевска Околија, Радовишка Околија, Светиниколска Околија, Царевоселска Околија, Штипска Околија
1945-1917:
Беровска Околија, Валандовска Околија (1945), Гевгелиска Околија (1945), Кочанска Околија, Кратовска Околија, Радовишка Околија, Струмичка Околија, Царевоселска Околија, Штипска Околија
Окружен началникЉубисав Грковиќ[1]
Историја
 - Основање на Штипскиот Округ 6 септември 1913
 - Укинување на Брегалничкиот Округ 26 април 1922
 - Основање на Штипскиот Округ 30 август 1945
 - Укинување на Штипскиот Округ 3 јануари 1947
Површина
 - 1914 4.956 км2
Население
 - 1914 101.442 жит.
Густина 20,5 жит/км2
 - 1917 138,405 жит.
 - 1921 104,347 жит.
Управни единици
 - Држава Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство СХС (1918-1922), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1947)
 - Република ДФ/НР Македонија (1945-1947)
 - Покраина Македонска Воено-инспекциска Област (1915-1918), Јужна Србија (1918-1922)



Денес во Македонија (Вардарски Регион, Источен Регион, Југоисточен Регион)

Штипски Округ, именуван и како Брегалнички Округ и Округ Брегалница ― поранешен округ на ДФ/НР Македонија, како и поранешна административна единица на Кралството Србија, Царството Бугарија, и Кралството СХС. Округот постоел во периодот 1913-1922 и 1945-1947 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Штипскиот Округ за прв пат бил основан во 1913 година, после заземените територии што Кралството Србија ги стекнала во Втората балканска војна и што биле потврдени со Букурешкиот договор склучен на 10 август 1913 година. Округот бил основан на 24 август (стар стил)/6 септември (нов стил) 1913 година, и бил поделен на срезовите (во превод околии): Кочански, Малешки, Светиниколски, Радовишки, и Штипски Срез.[2] Пред основањето на округот, Овчеполскиот Срез првично припаѓал во Кумановскиот Округ. Царевоселскиот Срез подоцна бил востановен во рамките на округот, Окружниот Град Штип бил унапреден и не влегувал во ниеден срез. На 25 октомври (стар стил)/7 ноември (нов стил) 1913 година, Светиниколскиот Срез бил преименуван во Овчеполски Срез.[3][4] На 10 јануари 1914 година, Штипскиот Округ бил преименуван во Брегалнички Округ.[5] Според административната поделба од 16 март 1914 година, округот останал територијално ист.[6][7] Тој имал површина од 4,956 км2.[8]

Брегалничкиот Округ (повторно преименуван во Штипски Округ) продолжил да постои во рамките на Царството Бугарија, односно за време на окупацијата во Првата светска војна. Неговата територија се состоела од Кавадаречката, Кочанската, Неготинската, Пехчевската, Радовишката, Светиниколската, Царевоселската, и Штипската.[9]

За време на новата држава Кралство СХС, Штипскиот Округ (повторно преименуван во Брегалнички Округ) бил обновен во рамки на покраината Јужна Србија. Тој се состоел од истите срезови, како и Окружниот Град/Општина Штип кој не влегувал во ниеден срез. На 26 април 1922 година, според новата административна поделба, Брегалничкиот Округ бил укинат и бил заменет со Брегалничката Област.[10]

Штипскиот Округ бил повторно воспоставен во 1945 година, овојпат во рамките на ДФ Македонија (од 1946 година НР Македонија). Тој првично се состоел од Беровската, Валандовската, Гевгелиската, Кочанската, Кратовската, Радовишката, Струмичката, Царевоселската, и Штипската Околија. Во текот на истата година, Валандовската и Гевгелиската Околија биле префрлени во проширениот Велешки Округ.[11] Во 1947 година, според новата административна поделба, Битолскиот Округ бил укинат и неговите околии станале првостепени единици во НР Македонија.[12]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот спроведен во 1913 година, и според административната поделба од март 1914 година, Брегалничкиот Округ имал 101,442 жители, односно вкупното население на Кочанскиот, Малешкиот, Овчеполскиот Срез, Радовишкиот Срез, Царевоселскиот Срез, Штипскиот Срез, и Окружниот Град Штип. Округот се состоел од 41 општина, 252 села, 4 заселоци, 1 град (варош), 5 паланки (варошици), и 3 манастири.[6][13]

За времето на владеењето на Царството Бугарија, Штипскиот Округ имал 138,450 жители, односно вкупното население на Кавадаречката (24,020), Кочанската (23,386), Неготинската (12,184), Пехчевската (10,944), Радовишката (16,291), Светиниколската (15,598), Царевоселската (13,505), и Штипската (22,522).[9]

Според пописот од 1921 година, Брегалничкиот Округ имал 104,347 жители. Според верската припадност, 71,484 биле православни, 32,084 биле муслимани, 491 биле евреи, 170 биле евангелисти, 117 биле римокатолици, додека 1 бил гркокатолик. Според јазичната припадност, 72,764 биле Срби/Хрвати, 29,011 биле Турци, 1,197 биле Власи, 71 биле Албанци, 43 биле Словенци, 12 биле Чехословаци, 10 биле Германци, 6 биле Руси, 4 биле Унгарци, 2 биле Полјаци, 1,227 припаднале во графата „останати и непознато“.[14][б 1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
  1. Јагодиќ, Милош (2013). Нови крајеви Србије (1912-1915) (српски) (1. изд.). Белград: Филозофски факултет, Белградски универзитет. стр. 146, 149, 155, 160, 181, 286, 394. ISBN 978-86-88803-17-5. Архивирано од изворникот на 01-06-2025. Посетено на 8 јануари 2026. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Административна подела ослобођених крајева“ (186). Српске новине. 27 август (стар стил)/9 септември 1913 (нов стил): 4. Архивирано од изворникот 2023-06-22. Посетено на 14 јануари 2026. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „На основу члана 17. Уредбе од уређену ослобођених области решио сам да се у Административној подели ослобођених области Старе Србије учини све измене и допуне:“ (237). Српске новине. 29 октомври (стар стил)/11 ноември 1913 (нов стил): 2. Архивирано од изворникот 2026-01-15. Посетено на 15 јануари 2026. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Јагодиќ, Милош (2013). Нови крајеви Србије (1912-1915) (српски) (1. изд.). Белград: Филозофски факултет, Белградски универзитет. стр. 108. ISBN 978-86-88803-17-5. Архивирано од изворникот на 01-06-2025. Посетено на 7 јануари 2026. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. Јагодиќ, Милош (2013). Нови крајеви Србије (1912-1915) (српски) (1. изд.). Белград: Филозофски факултет, Белградски универзитет. стр. 110. ISBN 978-86-88803-17-5. Архивирано од изворникот на 01-06-2025. Посетено на 7 јануари 2026. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 27. Посетено на 2 јануари 2026.
  7. Јагодиќ, Милош (2013). Нови крајеви Србије (1912-1915) (српски) (1. изд.). Белград: Филозофски факултет, Белградски универзитет. стр. 110-112. ISBN 978-86-88803-17-5. Архивирано од изворникот на 01-06-2025. Посетено на 11 јануари 2026. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. Јагодиќ, Милош (2013). Нови крајеви Србије (1912-1915) (српски) (1. изд.). Белград: Филозофски факултет, Белградски универзитет. стр. 137. ISBN 978-86-88803-17-5. Архивирано од изворникот на 01-06-2025. Посетено на 11 јануари 2026. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. 1 2 Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 101-107. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 2 јануари 2026.
  10. „Уредбу о подели земље на области“ (92. изд.). Службени новини на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. 28 април 1922: 1. Архивирано од изворникот на 12-30-2018. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year=, |archive-date=, |year= / |date= mismatch (help)
  11. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 149. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 12 јануари 2026. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  12. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 22. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 12 јануари 2026. Наводот journal бара |journal= (help)
  13. Јагодиќ, Милош (2013). Нови крајеви Србије (1912-1915) (српски) (1. изд.). Белград: Филозофски факултет, Белградски универзитет. стр. 110-112, 133. ISBN 978-86-88803-17-5. Архивирано од изворникот на 01-06-2025. Посетено на 7 јануари 2026. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 92-93. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 2 јануари 2026.