Прејди на содржината

Штефан Лихтштајнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штефан Лихтштајнер
Лични податоци
Роден на 16 јануари 1984(1984-01-16)(41 г.)
Роден во Адлигенсвил, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2020 (36 г.)
Младинска кариера
Адлигенсвил Адлигенсвил
Луцерн Луцерн
Грасхопер Грасхопер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001-2005 Грасхопер Грасхопер 79 (4)
2005-2008 Лил Лил 89 (5)
2008-2011 Лацио Лацио 100 (3)
2011-2018 Јувентус Јувентус 201 (12)
2018-2019 Арсенал Арсенал 14 (0)
2019-2020 Аугсбург Аугсбург 20 (0)
Репрезентација
2003-2005 Швајцарија Швајцарија 21 30 (1)
2006-2019 Швајцарија Швајцарија 108 (8)

Штефан Лихтштајнер (роден на 16 јануари 1984) — швајцарски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Неговата примарна позиција е десен бек, но уште од почетокот на неговата кариера бил многу офанзивен и се вклучувал во нападот, па затоа повремено бил користен и како десно крило. Со трансферот во Јувентус играчот добил улога во која ќе може да оди уште повеќе во нападот, играјќи како десно бек/крило во 3-5-2 формацијата на Антонио Конте. Ваквата улога му дала можност на Лихтштајнер помалку да се враќа во одбраната и да се уфрла длабоко во противничкиот шеснаесетник од каде постигнал голем број на голови и направил многу асистенции за своите соиграчи.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Раните години од кариерата

[уреди | уреди извор]

Лихтштајнер ја започнал својата каријера во екипата на Грасхопер во сезоната 2001-2002, откако дошол таму точно една година пред тоа од младинскиот сектор на Луцерн. Откако дебитирал за Грасхопер во споменатата сезона во првата швајцарска лига, тој не одиграл ниту еден лигашки натпревар докрајот на сезоната. Дури следната сезона тој станал редовен член на првата постава и имал голем придонес во освојувањето на титулата на клубот во домашното првенство.

Во текот на сезоната 2004-2005 Лихтштајнер потпишал за францускиот Лил и веќе во првата сезона станал првотимец. По завршувањето на сезоната Лил го освоил третото место и се изборил за квалификациите за Лигата на шампионите. Последната сезона во Франција била разочарувачка за Стефан затоа што неговиот тим го загубил местото во европските натпреварувања за само еден бод. Меѓутоа таа сезона Лихтштајнер постигнал 4 голови, што е најмногу во една сезона во неговата досегашна кариера (иако тој скор ќе го повтори во дресот на Јувентус во сезоната 2012-13).

Лихтштајнер во 2008 во дресот на Лацио.

По добрите игри за својот репрезентација на Евро 2008 Лихтштајнер им "паднал во очи" на неколку квалитетни европски клубови, а во јули истата година ја прифатил понудата на римски Лацио со кој потпишал четиригодишен договор. Тој бил доведен во клубот за да го замени својот сонародник и колега од швајцарската репрезентација, Валон Бехрами кој заминал во Вест Хем Јунајтед.

На 31 август 2008, го одиграл својот прв натпревар во Серија А, на гостувањето на Сардинија против Каљари во кој Лацио забележал убедлива победа со 1-4. Во неговата прва сезона, тренерот Делио Роси го направил Лихтштајнер сопственик на позицијата десно во одбраната (десен бек). Тој го постигнал својот прв гол во светло-синиот дрес во градското дерби против Рома на 11 април 2009 година, зголемувајќи го водството на својот тим на 3-1, а на крајот Лацио победил со 4-2. Веќе во својата прва сезона оставил добар впечаток кај навивачите на Лацио со својте чести уфрлања во нападот по десната страна, додека србинот Александар Коларов истото го правел по левата страна. Сезоната ја завршил со 33 настапи и еден гол. Лацио сепак разочарал во Серија А завршувајќи дури на 10. место, но затоа сезоната ја спасиле со триумф во Купот на Италија. Лихтштајнер настапил во четири куп натпревари, вклучувајќи го и финалето, на 8 мај 2009, против Сампдорија кое Лацио го добил по подоброто изведување на пенали откако после 120 минути игра натпреварот завршил 1-1. Тој бил еден од изведувачите и бил прецизен во шестата серија, а веднаш после него триумфот на Лацио му го донел Осман Дабо (6-5 вкупен резултат).[2]

Во следната сезона, со доаѓањето на клупата на тренерот Давиде Балардини, го освоил Суперкупот на Италија, со победата над Интер во Пекинг.[3] Во следните месеци, тимот играл под очекувањата, а во февруари 2010 година, кога Балардини бил отпуштен, Лацио се наоѓал во зоната за испаѓање на третото место одзади на табелата; со доаѓањето на Едоардо Реја, Лихтштајнер постигнува важни голови: првиот гол против Сиена, во победата со 2-0, и изедначувачкиот гол на гостувањето 1-1 против Милан. Со промената на тренерот, играчот добива повеќе безбедност и значително ги подобрува перформансите; благодарение на одличните резултати во финишот од сезоната, за кои швајцарскиот дефанзивец активно придонесува, тимот влегол во добра серија на резултати и го завршува првенството на дванаесеттото место.

Во својата третата сезона во Лацио, играчот бил поставен како десен бек во одбрана со четворица, заедно со бразилецот Андре Диас, италијанецот Џузепе Бјава и романецот Стефан Раду. Одличната сезона за него завршила со 34 првенствени натпревари и еден во италијанскиот куп или вкупно 35 настапи; тимот (заврши на петтото место) успеал да избори место во Лига Европа.

Откако Лацио го напуштиле неколку одлични фудбалери и судбината на Лихтштајнер во клубот станала несигурна, поради тоа што и за него владеел голем интерест од други клубови иако Лацио сакал да задржи.

Јувентус

[уреди | уреди извор]
Лихтштајнер во дресот на Јувентус во 2013.

На 27 јуни 2011 година, Лихтштајнер го напуштил Лацио и му се приклучил на Јувентус за сума од 10 милиони евра.[4] Трансферот бил официјално потврден на 1 јули 2011. Стефан дебитирал за Јувентус на 11 септември 2011 против Парма, во првото коло од сезоната 2011-2012. Натпреварот се одиграл на новиот стадион на Јувентус кој бил отворен само неколку дена пред тоа, а токму Стефан го постигнал првиот гол на натпреварот по одличната асистенција на Андреја Пирло. Со тоа влегол во историјата на клубот како прв официјален стрелец на новиот стадион, а натпреварот завршил со победа на Јувентус од 4-1. Во последното коло од есенскиот дел на сезоната, повторно на додавање на Пирло, Лихтштајнер на сличен начин го постигнал и својот втор гол за Јувентус во победата над Аталанта во Бергамо со 2-0. По завршувањето на сезоната Лихтштајнер со Јувентус го освоил скудетото.

Сезоната 2012-2013 ја започнува со победа во Суперкупот на Италија на 11 август 2012, на Националниот стадион во Пекинг; Јувентус го победил Наполи со резултат 4-2 по продолженија.[5][6][7] Ова е втор Суперкуп за Лихтштајнер, по оној во 2009 кој го освоил со Лацио.

На 25 август 2012, Лихтштајнер го постигнал својот прв гол за Јувентус во Серија А за сезоната 2012-2013, и повторно против Парма, истиот тим против кој и во минатиот првенството го постигнал првиот гол.[8] На 9 декември го постигнал одлучувачкиот гол при победата со 1-0 против Палермо, на асистенција на Мирко Вучиниќ.[9] На 5 мај 2013, точно цел круг подоцна, по победата повторно над Палермо со 1-0, го освоил второто скудето по ред со Јувентус.[10]

Следната сезона 2013-2014, Лихтштајнер бил стрелец веќе во првиот официјален натпревар. Во суперкупот 2013 одигран на 18 август 2013, против неговиот поранешен клуб, Лацио, Лихштајнер го постигнал третиот гол во победата со 4-0 и асистирал за други два.[11] На 12 јануари 2014 година, го постигнал првиот гол за сезоната во Серија А, во победата на гости против Каљари со 1-4. Вториот гол го постигнал на 2 февруари, отворајќи го резултатот во дербито против Интер на домашен терен, што завршило 3-1 за Јуве.

Во текот на сезоната 2014-2015, на 24 септември постигнал гол против Чезена, поставувајќи ги конечните 3-0. Вториот гол за сезоната бил прекрасен проектил од далечина на 9 ноември, против Парма, во голеадата на Јувентус со 7-0 во Торино.

На 5 јуни 2018, Лихтштајнер како слободен играч потпишал за Арсенал.[12] Своето деби за „топџиите“ го имал на 12 август, влегувајќи како замена во 35-тата минута за повредениот Ејнсли Мејтланд-Најлс во поразот со 2–0 на домашен терен од Манчестер Сити.[13] На 31 октомври, Лихтштајнер го постигнал својот единствен гол за Арсенал во победата со 2–1 на домашен терен над Блекпул во четвртото коло од Лига купот.[14] На 3 јуни 2019 година, било објавено дека Лихтштајнер ќе го напушти Арсенал по само една сезона во клубот.[15] Вкупно во дресот на Арсенал одиграл 23 натпревари во сите натпреварувања и постигнал еден гол.

Аугсбург

[уреди | уреди извор]

На 19 август 2019 година, Лихтштајнер како слободен играч му се приклучил на Аугсбург, потпишувајќи со германскиот клуб од Бундеслигата договор на една година.[16] Своето деби го направил пет дена подоцна во ремито 1–1 на домашен терен против Унион Берлин, станувајќи најстариот играч на клубот со 36 години и шест месеци.[17] Сезоната ја завршил со 20 одиграни натпревари и без постигнат гол.

На 12 август 2020 година, Лихтштајнер објавил дека ќе се пензионира од фудбалот.[18]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Лихтштајнер (десно) во дресот на швајцарската репрезентација против Серхио Агуеро од Аргентина во пријателски натпревар во 2012

Лихтштајнер е поранешен младински репрезентативец на Швајцарија и ја претставувал својата земја на Европското првенство за играчи под 16 години во 1999 и на Европското првенство за играчи под 21 години во 2004. Својте први два повици во сениорската репрезентација ги добил во 2005 година, но останал неискористена замена и во двата наврати. На 11 ноември 2006 година, тој го направил своето сениорско деби во пријателски натпревар против Бразил, кој заврши со пораз на Швајцарија од 2-1.

Иако го пропуштил Светското првенство во 2006, набргу Лихтштајнер ја искористил укажаната шанса и успеал да се утврди себеси како прв избор на позицијата десен бек, откако Филип Деген бил надвор од терените поради долгорочна повреда.[19] Во мај, Јакуб Кун го избрал во селектираниот тим за Евро 2008. Тој ги одиграл сите натпревари на Швајцарија на турнирот и го истиснува за постојано Деген од позицијата десен бек. Швајцарија го завршила турнирот со два порази и една победа, но неговите настапи биле доволно добри за да привлече голем интерес од врвни клубови и да потпише за Лацио. Тој ја задржал својата позиција во репрезентативниот дрес и со доаѓањето на новиот селектор Отмар Хитцфелд и бил дел од составите на Швајцарија на Светското првенство во 2010 и Светското првенство во 2014.

Пред почетокот на Европското првенство 2016 за кое бил повикан, Лихтштајнер го одиграл својот прв натпревар како капитен за репрезентацијата откако долгогодишниот капитен Гекан Инлер не се нашол на списокот за настап на турнирот порад недостаток на минутажа во својот клуб.[20]

Статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана од 9 ноември 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2001-2002Швајцарија Грасхопер10КШ??------10
2002-2003250КШ??КУ20---270
2003-2004262КШ40ЛШ[21]+КУ2+20---342
2004-2005272КШ10------282
Вкупно Грасхопер7945+0+60--90+4+
2005-2006Франција ЛилЛ1311КФ+ЛКФ2+20ЛШ+КУ4+40---431
2006-2007Л1240КФ+ЛКФ3+20ЛШ30---320
2007-2008Л1344КФ+ЛКФ3+11+0------385
Вкупно Лил895131110--1136
2008-2009Италија ЛациоА331КИ60------391
2009-2010А332КИ20ЛЕ70СИ10432
2010-2011А340КИ10------350
Вкупно Лацио10039070101173
2011-2012Италија ЈувентусА352КИ30------382
2012-2013А284КИ10ЛШ60СИ10364
2013-2014А272КИ10ЛШ+ЛЕ3+40+0СИ11353
2014-2015А323КИ30ЛШ40СИ10152
Вкупно Јувентус10110501702112511
Вкупно во кариерата3692232+1+40031444+24+

Швајцарија Грасхопер

[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
  1. gazzetta.it, уред. (6 февруари 2014). „Juventus, Lichtsteiner l'universale: terzino, esterno e goleador“. Посетено на 27 јуни 2014.
  2. Il Corriere della Sera, уред. (13 мај 2009). „La Lazio vince la Coppa Italia“. Посетено на 15 мај 2009.
  3. Riccardo Pratesi (8 август 2009). gazzetta.it (уред.). „Supercoppa alla Lazio - Inter sorpresa“. Посетено на 13 август 2012.
  4. „Lichtsteiner non-ha dubbi "La Juve è sempre la Juve". La Gazzetta dello Sport (италијански). 10 July 2011.
  5. sport.sky.it, уред. (11 август 2012). „La Supercoppa è della Juve, Napoli ko 4-2 tra le polemiche“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 14 август 2012.
  6. lastampa.it, уред. (11 август 2012). „Supercoppa, la Juve travolge il Napoli. E gli azzurri disertano la premiazione“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 14 август 2012.
  7. ansa.it, уред. (11 август 2012). „Supercoppa alla Juve, Napoli battuto 4-2“. Посетено на 11 август 2012.
  8. Riccardo Pratesi (25 август 2012). gazzetta.it (уред.). „Juve facile col Parma: 2-0“. Посетено на 17 декември 2012.
  9. Riccardo Pratesi (9 декември 2012). gazzetta.it (уред.). „Juve, Conte day col lieto fine - Lichtsteiner stende il Palermo“. Посетено на 17 декември 2012.
  10. Riccardo Pratesi (5 мај 2013). =gazzetta.it (уред.). „Juventus, scudetto bis: 1-0 sul Palermo - Conte sale ancora sul tetto della Serie A“. Посетено на 6 мај 2013.
  11. Maurizio Nicita (18 август 2013). gazzetta.it (уред.). „Supercoppa, Juventus super: 4-0 alla Lazio con gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez“.
  12. „OFFICIAL: Arsenal sign Lichtsteiner“. Football Italia. 5 June 2018.
  13. Nick Ames (12 August 2018). „Arsenal 0-2 Man City“. The Guardian. Посетено на 26 August 2018.
  14. Dean, Sam; Bagchi, Rob (31 October 2018). „Arsenal hold off Blackpool's late surge after Matteo Guendouzi rashly sees red“. The Telegraph. ISSN 0307-1235. Посетено на 1 November 2018.
  15. „Stephan Lichtsteiner: Arsenal defender to leave club this summer after one year“. BBC Sport. 3 June 2019.
  16. „FC Augsburg gewinnt Lichtsteiner für sich“ [FC Augsburg signs Lichtsteiner.] (германски). FC Augsburg. 19 August 2019. Посетено на 19 August 2019.
  17. „Sebastian Andersson the hero as Union Berlin record first ever Bundesliga point in Augsburg“. Bundesliga. 24 August 2019. Посетено на 15 April 2020.
  18. „Swiss former Juventus defender Lichtsteiner retires at 36“. The Washington Post. Associated Press. 12 August 2020. Посетено на 7 April 2021.
  19. „Liege-Einheit für Stephan Lichtsteiner“ (германски). Neue Zürcher Zeitung. 15 October 2007.
  20. „Interview with Switzerland captain Stephan Lichtsteiner“. World Soccer. 31 May 2016.
  21. Трето прелиминарно коло.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]