Штадланд
| Штадланд | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Везермарш |
| Градоначалник | Клаус Рибезамен (СДП) |
| Основни податоци | |
| Површина | 113,38 км2 |
| Надм. височина | 1 м |
| Население | 7.528 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 66 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | BRA |
| Пошт. бр. | 26935, 26936, 26937 |
| Повик. бр. | 04732 (Роденкирхен), 04737 (Швај), 04734 (Зефелд), 04731 (Клајнензил) |
| Портал | www.stadland.de |
| Местоположба на Штадланд во рамките на округот Везермарш | |
| Координати | 53°23′0″N 8°23′0″E / 53.38333°N 8.38333°E |
Штадланд (германски: Stadland) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 32 километри североисточно од Олденбург и 42 километри северозападно од Бремен. На запад се граничи со Јадскиот Залив. Административното седиште е во селото Роденкирхен.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината Штадланд ја зафаќа површината на некогашната историска област Штадланд. Заедно со областа Бутјадинген претставува полуостров помеѓу Везер и Јадскиот Залив и е една од најрамните области во Германија со височина помеѓу 1,2 и 0,8 метри надморска височина.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Општината Штадланд се граничи на северозапад со општината Бутјадинген и на североисток со градот Норденхам. На исток се граничи со Долен Везер, а на запад со Јадскиот Залив. На југоисток се наоѓа градот Браке, на југ со општината Овелгене и на југозапад со општината Јаде. Сите општини припаѓаат на округот Везермарш.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината се состои од местата Роденкирхен, Швај, Зефелд и Клајнензил.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
|


