Прејди на содржината

Шрапнел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анимација на распрснување на шрапнел
Функционирање на експлозијата

Шрапнел[1][2] или шрапнела[3][4] — вид артилериско зрно за гаѓање на жива сила и авиони.

Историја

[уреди | уреди извор]

Шрапнелот го измислил британскиот генерал Хенри Шрапнел (англиски: Henry Shrapnel) во 1784 година, по кого е именуван во 1852 година (дотогаш во Велика Британија се викал англиски: spherical case shotили сферичен картеч. Првпат бил употребен во 1804 година.

Општи одлики

[уреди | уреди извор]

Зрното содржи многу железни или оловни куглички и фитил кој може да се дотера (темпира) да експлодира на одредена висина во воздухот, пред целта. Зрнцата летаат во облик на инка чија должина е поголема од нејзината ширина. Во последно време, шрапнелите се заменети со темпирана граната.

Литература

[уреди | уреди извор]

Општа енциклопедија на Југословенскиот лексикографски институт, том 8, стр. 53, Загреб 1982