Шприц
Шприц (германски: Spritze од spritzen - вбризгува) или бризгалка – општ назив за направа која се користи во медицината, технологијата и кулинарството за додавање или вадење течности и гасови со користење притисок на клипот.
Медицински шприц
[уреди | уреди извор]Во медицината шприцот се користи за давање инјекции, интравенозни инфузии во крвотокот, дијагностичка пункција, вшмукување на содржина од патолошки шуплини.
Опис
[уреди | уреди извор]Шприцот се состои од клип и цилиндар на чиј крај се прицврстува медицинска игла. Вообичаено на цилиндарот е градуирана скала за количина. Клипот може да се турка или влече низ цилиндарот со што му овозможува на шприцот да исфрла или зема течност или гас низ отворот на предната страна на цилиндарот.
После 1980 година, биле широко распространети шприцовите за еднократна употреба кои речиси во целост се изработени од пластичен материјал, со исклучок на иглата која сѐ уште е изработена од не’рѓосувачки челик.
Основни правила на користење
[уреди | уреди извор]Со оглед дека шприцот при користењето доаѓа во контакт со крвта треба да се обрне внимание на неговата стерилност:
- пред користење на шприцовите за еднократна употреба треба да се провери да не е оштетено неговото пакување,
- пред употреба шприцовите за повеќекратна употреба да се провери дали биле стерилизирани.
Иглата од шприцот се става во лекот и се повлекување на клипот се влече потребната количина од лекот во цилиндарот. Пред ставање на инјекцијата треба да се осигура дека нема меури воздух во содржината. За таа цел, иглата се насочува нагоре и со благ притисок на клипот се исфрла воздухот и мала количина од лекот. Кожата на пациентот каде ќе се става инјекцијата се брише со алкохол. Потоа во зависност од видот на инјектирање, иглата се забодува во крвен сад (вена или артерија во некои случаи), под кожа или во мускул на пациентот, па со движење на клипот лекот се вбризгува во пациентот.
Историја
[уреди | уреди извор]И покрај фактот што интравенска инјекција се практикувала од средината на XVII, шприцот во облик кој денес го познаваме, го измислиле во 1853 година, независно еден од друг, од францускиот хирург Шарл Праваз и шкотскиот лекар Александар Вуд.
Во 1949 година Артур Смит добил патент во САД за шприцови за еднократна употреба, а во масовна употреба почнала да ги произведува компанијата Бектон и Дикинсон од 1954 година. Овие шприцови биле направени од стакло. Во 1956 година новозеландскиот фармацевт Колин Мардок го измислил и патентирал пластичниот шприц за еднократна употреба.
Денес, заради проблемите со ширењето на ХИВ и други инфекции, интензивно се работи на пронаоѓање на навистина шприц за еднократна употреба, шприц кој физички не ќе може да се користи двапати. Има одреден напредок, дури и патенти, но навистина сигурно и делотворно решение сè уште не е пронајдено.
Инсулински шприц
[уреди | уреди извор]Инсулинскиот шприц се користи за инјектирање инсулин.
Овој шприц има многу тенка и релативно кратка игла , така што боцкањето е речиси безболно. Ова е битно затоа што скоро секогаш пациентите сами си го инјектираат инсулинот. Инсулинскиот шприц има скала на која покрај ml се означени и единиците (U) со чија помош може да се дозира инсулинот. Сите модерни инсулински шприцови во 1 ml содржат 100 IU. Заради малите дози кои се користат, клипот е така направен што овозможува вбризгување на лекот и на количината која се наоѓа во млазницата која ја држи иглата. Стандарден инсулински шприц овозможува дозирање во чекор од 1 IU, а за деца 0,5 па дури и 0,25 IU.
Денес, за вбризгување инсулин се користат шприц-пенкала, погодни за пациентите со дијабетес да можат сами да ги користат. Истите овозможуваат повеќекратна употреба и променливо дозирање согласно потребите на пациентите. За да се спречи заразување при многукратната употреба, во инсулинот се додаваат антисептици.
Слаткарски шприц
[уреди | уреди извор]Слаткарскиот шприц е пластичен цилиндар со волумен од 200 до 2000 см³ (два литра) со клип и отвор, дизајниран да прима и истиснува разни кремови кој главно се користи за украсување на колачи и торти. Шприцот има комплет на додатоци со разни форми и пресеци кои се прицврстуваат на отворот и му го даваат обликот на украсот. Најкористени се шприцовите од 1 литар заради тоа што овозможуваат непрекината работа за една торта. Малите шприцови се несоодветни затоа што треба често да се полнат, но исто така се менува континуитетот и обликот на украсот. Слаткарски шприц инцидентно може да се направи од лист хартија од кој се прави ќулавка, а на врвот се сече отвор.
Технички шприц
[уреди | уреди извор]Техничкиот шприц служи за инјектирање на течности и мазива во разни машински единици или механизми, како и за нанесување на разни површини разни лепила и други вискозни супстанци. Самиот технички шприц е како и медицинскиот шприц, но е поголем и може да има механизам за водење на клипот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (француски) Swiss Telegraphic Agency, "Deux millions de personnes contaminées lors d'une injection à risque en 2014", Radio télévision suisse, 23 February 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Шприц“ на Ризницата ? |
Видете шприц во Викиречник, слободниот речник. |
- Inventors of the hypodermic syringe[мртва врска]
- Hypodermic syringe patents
- Medical syringe patents Архивирано на 29 септември 2011 г.