Шпик (планина)
Шпик е планина во словенечките Јулијански Алпи. Нејзиниот врв е на 2472 метри надморска височина. Името на планината произлегува од нејзината зашилена форма.
Нормални патеки за искачување
[уреди | уреди извор]Има две нормални правци и двете почнуваат од Крничката Долина, а се спојуваат под врвот. Еден од нив оди преку врвот на Липница, а другиот е рутата Качји Грабен. Првиот има неколку лесни делови со фиксни кабли, а вториот е само една стрмна прошетка нагоре. И двете се без снег во летните месеци. Од долината до врвот се потребни околу 5 часа планинарење.
Колиби
[уреди | уреди извор]Околу блискиот превој Вршиќ има многу колиби, но најблиску до почетокот на рутите е колибата Крница која се наоѓа на 1113 метри надморска височина. Значи, од колибата до врвот има 1304 метри висинска разлика за искачување.
Историја
[уреди | уреди извор]Во мај 1952 година, на северната страна на Шпик се случила планинарска несреќа, што резултирала со смрт на пет планинари од Словенска Бистрица на возраст меѓу 21 и 25 години.