Чизма (справа за мачење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шпанска чизма)
Навртка за нога

Чизма — дел од семејството на справи за мачење и испрашување создадени да предизвикуваат скршеници на стапалата или нозете. Чизмата има многу облици во различни места и различни временски периоди. Попознати облици се: шпанската чизма и малајската чизма. Едната беше направена од четири парчињатенки даски заковани меѓусебно. Даските се точно измерени со големината на нозете на жртвата. Кога ногата е меѓу даските, се набиваат чивии меѓу даските со што се создава поттисок. Поттисокот се зголемува сè до оној момент додека жртвата не признае или не изгуби свест. Поновите облици имаат железни стеги, понекогаш со шилци, кои ги притискаат стапалата и металните рамки додека се вжарени.

Шпанска чизма[уреди | уреди извор]

Шпанската чизма е железен калап наменет за нозете или стапалата. Дрвeни или метални чивии се набивале меѓу калапите и месото на жртвата. Слична справа, позната како кршач на брада, ја притискала коската меѓу двете закривени плочи, на кои имало шилци, заби, и јазли, со што се нанесувале скршеници на коските на нозете.[1]

Примитивни претходници на оваа справа постоеле со илјадници години. првата позната шкотска справа од овој вид—позната и под името бускин—нашла прмена како слична на чизма кожна обувка која се натопувала со вода, се навлекувала на стапалото и долниот дел на ногата, и се зацврстувала со врвци. Справата постепено се загревала на слаб оган, со што кожата се собирала и ги притискала стапалата сè до оној момент додоека коските не се изместиле, немала доволна сила за да предизвика кршење на коските во стапалото. Понапредно осмислена и во употреба чизма во Британските Острови и Франција, се состоела од три исправени дрвени даски кои се разделувале околу и меѓу стапалата и се зацврстувале со употреба на јажиња. Чивиите се набивале меѓу даските за да се изместат или здробат коските во стапалата. Справа од Отан, Франција, се состоела од сунгереста, пропустлива кожа која се навлекувала над стапалата или нозете. Се истурала зовриена вода на чизмите која минувала низ кожата и го варела месото на заробените стапала. Исто така се користеле, преголеми чизми од железо или бакар (најчесто зацврстени на подот) во кои се сместувале стапалата на затвореникот додека истиот лежел беспомошно врзан а истовремено и устата му била заврзана додека седел на столот. Чизмите постепено биле полнети со зовриена вода или масло, а во некои случаи и со стопено олово, кои ги уништувале стапалата. Една справа—применета на ирскиот маченик Дермот О’Харли—се состоела од лесни метални чизми кои се исполнувале со вода и истите подоцна биле згревани сè до моментот додека водата не почнувала силно да клокоти.

Стега за стапала[уреди | уреди извор]

Слична справа, наречена стега за стапала или завртка за стапала, се состоела од пар хоризонтални железни плочки затегнати околу стапалото со помош на навои со цела да го расечат месото и скршат коските во стапалото. Иако било вообичаено да се поставуваат препреки за стапалото не се излизне од подлогата поради потта, постоела посурова справа од сличен вид најчесто среќавана во Нирнберг, Германија која на горната плочка имала стотина остри шилци. Видот од Венеција, понекогаш нарекуван завртка за стапала или кршач на палци, поврзана со навој и рачка за дупчалка кој бушела дупка низ стапалото како што се затегала стегата. Справата поседувала таква сила што можела да ги претвори во прав и најмалите коски на стапалото.[2]

Средновековните чизми биле направени според изгледите на најразлични архитектонски стилови. Една од попознатите чизми се состоела од две паралелни даски кои го опфаќале стапалото од пета до прстите и биле поврзани со навртен механизам. Со вртење на навртката се приближувале двете даски една кон друга и се предизвикувала неверојатна агонија. Ова е справата која се споменува при мачењето на Есмералда во книгата Ѕвонарот од Богородичната црква од авторот Виктор Иго. Суровоста на мачењето се зголемувала составање на чивии кои ги разделувале палците. Имало и видови на справи за дробење на зглобовите целите ножни коски или колената.

Иако справата била премногу корисна за добивање на признанија, технолошки посложената чизма нацртана од Донели и Дил во нивната книга Големата книга на болката[3] изгледа е мотивирана повеќе или помалку од садистичко задоволување.

Спомнување на справата во филмовите и литературата[уреди | уреди извор]

  • Во шведскиот филм Вештерки од 1922г. на режисерот Бенџамин Кристенсен каде се поменува направа за дробење на стапалата но по се изгледа при прикажувањето на справата станува збор за кршач на вилици.
  • Малајската чизма се појавува во филмот Кинеско Море од 1935 г. каде Кларк Гејбл е мачен за да ја каже местоположбата на бродскиот товар од златни прачки.
  • Во делото на Михаил Булгаков од 1966г., Мајсторот и Маргарита, Госпоѓата Тофана, гостин на балот организиран од Сатаната, пристигнува со Шпанска чизма на левата нога.
  • Во серијата Игра на тронови, ликот Теон Грејџој е заробен од непријателите, и едно од измачувањата на кој е подложен е набивање на клин низ неговото стапало.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. McCall, Andrew (1979). The Medieval Underworld. London: Hamish Hamilton. ISBN 978-0-7509-3727-6. OCLC 56009769.
  2. Ова семејство на справи за мачење не широко распостранета но е опишана од страна на Ричард Сејр, од патувачката изложба на Ерлот од Шрусбери на справи од Нирнбершкиот замок. Sair, Richard (1944). Hirsch, Arnold (уред.). The book of torture and executions: a historical analysis of the science of brutality. Toronto: Golden Books of America. OCLC 48994719.
  3. Donnelly, Mark; Diehl, Daniel (2008). The big book of pain: torture & punishment through history. Stroud: History Pres. ISBN 9780750945837. OCLC 181926734.