Шпанска ренесансна архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дворецот Ескоријал
Кружно патио во Дворецот на Карл V, Гранада

Шпанската ренесансна архитектура започнала со калемење на ренесансната врз готските облици во последните децении од XV век.

Стилот го рашириле локалните архитекти со преземање на јужноиталијанската архитектура, понекогаш од илустрирани ракописи и слики, и со мешање на готскиот стил и локалните идиосинкратии. Новиот стил бил наречен Платерескен стил, заради екстремно украсените фасади, кои постеќале на декоративните мотиви на комплексно деталните дела на кујунџиите, наречени „платероси“. Класичните редови и канделабриските мотиви (а канделиери) слободно се мешале во симетрични целини.

Со минувањето на децениите, готското влијание исчезнало и истражувањето на ортодоксниот класицизам достигнало своевиден врв. Иако под Платерескен стил се подразбираат речиси сите архитектонски дела од доцниот XV и првата половина од XVI век, некои архитекти стекнале повоздржани лични стилови, меѓу кои се Диего Силое и Родриго Гил де Онтањон. Примери за ова се фасадите на Универзитетот во Саламанка и Манастирот Сан Маркос во Леон. Од средината на XVI век, под водство на архитекти како Педро Мачука, Хуан Баутиста де Толедо и Хуан де Херера шпанската архитектура се придржувала кон римскиот стил на уметност, понекогаш предосеќајќи го Маниризмот, како во случајот на Дворецот на Карл V во Гранада и дворецот Ескоријал, Мадрид.

Значајни градби[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]