Шоша (река)
| Шоша | |
|---|---|
![]() | |
| Изворно име | Шо́ша (руски) |
| Местоположба | |
| Country | Русија |
| Физички особености | |
| Устие | Волга |
• координати | 56°37′23″N 36°32′31″E / 56.6230°N 36.5419°E |
| Должина | 163 км |
| Големина на сливот | 3,080 км² |
| Особености на сливот | |
| Течение | Волга кон Касписко Море |
Шоша (руски: Шо́ша) — река и десна притока на Волга и се наоѓа во Зубцовските, Старицките, Калинските и Конаковските реони во Тверската Област и Лотошински реон во Московската Област во Русија.
Должината на Шоша е 163 км, а сливната површината е 3,080 км²[1] и се влева во акумулацијата Иванково.
Реката замрзнува во периодот од месец ноември до почетокот на јануари и останува замрзната се до крајот на март или почетокот на април.
Изворот на Шоша е во Зубцовскиот реон во Тверската Област, северозападно од селото Књажји Гори и тече на север, пренасочувајќи се североисточно каде влегува во Старицкиот реон и се пренасочува на север.
Кај селото Сидорово, Шоша се пренасочува на исток и преминува два мали делови од Московската Област, а понатаму низводно преминува во Калинскиот реон во Тверската Област.
Низводно од селото Новинки, Шоша влегува во резервоарот Иванково, каде што прима две од своите главни притоки Лама (од десно) и Ињуха (од лево), а на десниот брег на резервоарот се наоѓаат градските населби Козлово и Новозавидовски.
Резервоарот Иванково ја преминува браната на железничката пруга Москва-Санкт Петербург, а низводно од браната Волга влегува од лево, на поранешната местоположба на устието на Шоша пред полнењето на резервоарот во 1937 година.
Средниот тек на Шоша оди низводно од Козлово кој се наоѓа во природниот резерват Завидово, затворена област до која пристап имаат само високи државни службеници.
Сливот на реката Шоша го вклучува целиот Лотошинскиот реон, југозападно од Конаковскиот реон и Калинскиот регион, југоисточно од реонот Старицки, источно од Зубцовскиот реон, северните делови од Волоколамскиот и Шаховскиот реон во Московската Област, како и помали области во реоните Клински и Истрински во Московската Област.
Во сливот на реката Шоша лежат градот Волоколамск и населбите од градски тип Шаховскаја, Лотошино, Изоплит, Козлово и Новозавидовски.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Водна површина во Државниот воден регистар на Русија“. textual.ru. (руски)
