Прејди на содржината

Шова (риба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Риба Шова

Шова — сорта на украсни јапонски крап. Шовата е исто така позната и како шова шаншоку. Шовата има црно тело, со црвени и бели ознаки по целото тело. Шовата е риба добиена со вкрстување од припадничките на родот; „Големата тројка“, која се состои од кохаку, санке и шова.

Шовата првично била развиени од Џукичи Хошино околу 1927 година. Тој ги споил рибите кохаку и ки-Уцури. Овие рани шови имале сивкасто тело и пругасти перки. Црната боја била мат, а црвената бледа. Подоцна, шовата била вкрстувана со асаги, што помогнало да се добијат црните мотогуро ознаки на перките. Сепак, црвената боја сè уште била бледа. Во 1964 година, Томиџи Кобајаши вкрстил мажјак кохаку со женка шова за да добие нов стил шова со голем црвени-црни шари. Taa имала посветла бела основа без мрежа. Сепак, Кобајашиевата шова сè уште имала мала големина и лоша форма на телото. Голем напредок дошол како резултат на спектакуларната (за своето време) шова со шари како мољни одгледано од Минору Мано. Шовата со такви шари претставувало огромно подобрување во конформацијата на телото и целокупниот квалитет на бојата, и се користело како риба за мрестење многу години потоа.[1]

  1. Gresham, Bruce (2016-07-02). „Koi History by Ray Jordan“. Midwest Pond and Koi Society (англиски). Посетено на 2025-11-26.