Шкумба

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шкумбин)
Прејди на: содржини, барај
Шкумба
Shkumbin
Шкумба помеѓу Либражд и Елбасан.
Извор Поградец, Албанија
Утока Јадранско Море
41°02′23″ СГШ 19°26′34″ ИГД / 
Земји во сливот Албанија
Должина 181 км
Шкумба се наоѓа во Албанија
извор
утока
Изворот и утоката на Шкумба

Шкумба или Шкумбин (албански: Shkumbini) — река во централна Албанија што се влева во Јадранското Море. Се смета за поделбена линија на двата дијалекта на албанскиот јазик: тоскискиот на југ и гегискиот на север. Во далечното минато, реката се сметала за најсеверната природна граница со Епир.[1]

Долга е 181 км и извира во планините северозападно од Охридското Езеро, во југозападниот агол на округот Поградец, но и од други потоци од планините во округот Либражд. Реката тече низ градот Либражд. Кај Мураш ѝ се приклучува притоката Рапун.

Реката тече најпрвин на север, па на северозапад, низ Кукуш (Ќукс), Либражд, каде свртува на запад и минува низ Полис, Елбасан (Коњух), Церик, Пеќин и Рогожина. На крајот, се влева во Јадранското Море северозападно од Дивјака.

Во подрачјето на Елбасан од реката се разгрануваат каналите „Наум Панџи“ и „Ферас“ кои служат за наводнување на низината кај Церик.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]