Шкода рапид (2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шкода рапид
Škoda Rapid
ПроизведувачШкода Индија
Производство2011–до денес
СклопувањеПуна, Индија
КласаПоткомпактен автомобил (Б)
Вид каросерија4 врати седан
Распоредмотор напред, погон напред
ПлатформаПлатформа А05+(PQ25) на групата Фолксваген
Мотор1,6 L четирицилиндричен бензински
1,5 L четирицилиндричен дизел
Пренос5-степенски мануелен
7-степенски автоматски DSG
Меѓуоскино раст.2552 mm
Должина4413 mm
Ширина1699 mm
Висина1466 mm
СродниШкода фабија
Фолксваген венто (2013)
Фолксваген поло

Шкода рапид (чешки: Škoda Rapid) – автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода само за индискиот пазар. Се произведува од 2011 до денес.

Историјат[уреди | уреди извор]

Шкода рапид е семеен автомобил од нижата средна класа што го произведува Шкода Индија, исклучиво за индискиот пазар. Првпат бил прикажан во јавност во октомври 2011 година, а почнал да се продава во ноември истата година Рапид се заснова на платформата PQ25 на групацијата Фолксваген. Заснован е моделот Фолксваген венто изработен во Индија. Многу е сличен на венто, се разликува по предната маска, фаровите, браниците, задните светла и ситни детали во ентериерот и екстериерот. Рапид за индискиот пазар се произведува во градот Пуна.[1]

Според димензиите е позициониран меѓу фабијата и октавијата. Конструиран е на продолжена платформа од моделите фабија и поло. Неговиот дизајн дава изглед на лимузина, но тоа е компакт со пет врати (лифтбек), кој обезбедува капацитет на багажникот од 550 литри.[2] Рапидот ги дели основните елементи на каросеријата и дизајнот на ентериерот со Сеат толедо од четвртата генерација и двата се склопуваат во истата фабрика на Шкода во Млада Болеслав.[3]

И покрај тоа што го дели името со Шкода рапид кој е лансиран во 2012 година за меѓународниот пазар, овие два модели се разликуваат. Меѓународната верзија е поинаков автомобил, незначително поголем, со поинаква надворешност, нов ентериер и различни опции за моторот. Името претходно било користено за модел од 1935 година, како и за моделот од 1984 година.

Мотори[уреди | уреди извор]

Модел Зафатнина Цилиндри/
вентили
kW/КС Менувачи Напомена
Бензин
1,6 MPI 1598 cm³ l4 4/16 77 kW / 105 КС 5-степен мануелен, 6-степен автоматски
Дизел
1,6 TDI 1598 cm³ l4 4/16 77 kW / 105 КС 5-степен мануелен

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Шкода Рапид“ (англиски). sify.com/finance. Архивирано од изворникот на 2011-11-28.
  2. „Шкода рапид спејсбек“ (српски). b92.net/automobili.
  3. „Новото толедо се произведува во Болеслав“ (чешки). auto.cz.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]