Широколисна грипа
| Широколисна грипа | |
|---|---|
| Phillyrea latifolia | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Phillyrea |
| Вид: | Широколисна грипа |
| Научен назив | |
| Phillyrea latifolia L. | |
| Синоними[2] | |
|
Список
| |
Широколисна грипа (науч. Phillyrea latifolia) е вид дрво од семејството маслинки, Oleaceae.[3] Потекнува од Медитеранскиот басен, од Мароко и Португалија на запад, до Левант на исток.[4] Расте во Македонија.[5]
Опис
[уреди | уреди извор]Грмушка или ниско дрво, до 15 м високо со сива кора, во почетокот со нагоре исправени гранки кои подоцна се рашируваат. Пупките мали сивозелени до светлокафеави, препокриени со куси меки влакненца. Младите гранчиња и лисните дршки со куси влакненца. Листовите зимзелени, кожести, диморфни, младите листови јајцевидни или јајцевидно-срцевидни, најшироки во долната третина, поретко копјести, повеќе или помалку назабени или напилени, 1,8–3 цм долги, 1–2 цм широки; постарите листови копјести или елиптични, најшироки во средината, целокрајни или ситно назабени; листовите од горната страна темнозелени, од долната страна светлозелени, со 7–11 пара странични жили и со 2–3 мм долга лисна дршка. Цветовите со куси, дебели дршки, собрани во куси, пазувни, гроздовидни соцветија. Чашката жолтеникава, длабоко всечена на 4 триаголни сегменти. Венчето бело, четириделно со куса венечна трубичка и со елиптични венечни сегменти, околу 2 мм долги. Плодот сина обла костелка со дијаметар до 5 мм.[5]
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Расте на термофилни места, во клисури на реки, на отворени места во појас на дабови шуми, по брдски пасишта, на варовнички камењари, до
1000 метри надморска височина.[5]
Познат за Сува Гора, Галичица, Љубаниште, Таорска Клисура, клисурата на Пчиња, Катланово, Велес, Дервенска Клисура, клисурата на Тополка, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, Кожуф, Богданци, Дојран,
Овој подвид (sub P. media = P. latifolia var. media) се наведува за голем број локалитети од територијата на Македонија.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rivers, M.C.; Barstow, M. (2017). „Phillyrea latifolia“. Црвен список на загрозени видови. 2017. doi:10.2305/IUCN.UK.2017-3.RLTS.T79919776A109616420.en. Посетено на 23 August 2024. Занемарен непознатиот параметар
|article-number=(help) - ↑ „Phillyrea latifolia L.“. Plants of the World Online. Кралски ботанички градини во Кју. Посетено на 14 March 2022. (англиски)
- ↑ „Flora Europaea Search Results“. Flora Europaea. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Phillyrea latifolia“ (PDF). Flora Iberica. стр. 3–5. Посетено на 9 June 2021.
- 1 2 3 4 Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 23 издавач: МАНУ, Скопје, 2010