Широкобоцкаст кактус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Широкобоцкаст кактус
Ferocactus recurvus 2.jpg
Широкобоцкастиот кактус во Ботаничка градина на Универзитетот во Калифорнија
Научна класификација
Царство: растенија
Нерангирано: скриеносеменици
Нерангирано: евдикоти
Нерангирано: јадрени евдикоти
Ред: каранфиловидни
Семејство: кактуси
Потсемејство: кактусовидни
Племе: кактусовидни
Род: ферокактуси
Вид: F. latispinus
Биномен назив
Ferocactus latispinus
(Ховорт) Бритон & Роус
Синоними
  • Bisnaga recurva subsp. latispina
  • Ferocactus recurvus

Широкобоцкастиот кактус (Ferocactus latispinus) е кактус од видот на ферокактуси. Кактусот потекнува од Мексико.[1]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Овој вид е еднемичен за Мексико.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Широкобоцкастиот кактус расте како единечен глобуларен кактус. Кактусот има светлозелена боја. Достигнува 30 см висина и 40 см попречно. Кактусот има 21 ребренце. Боцките се или црвенкасти или бели. Тие се сплескани и достигнуваат должина до 5 см. Овој кактус цвета доцна на есен или рано на зима.[2] Цветовите налик на инка се виолетови или жолтеникави и долстигнуваат должина до 4 см. Плодот е овален и достигнуваат должина до 2,5 см.[1]

Подвидови[уреди | уреди извор]

Ботаничарите препознаваат два подвида на кактусот, кои се разликуваат во бројот на страничните боцки.[1]

  • Ferocactus latispinus subsp. latispinus — 9–15 странични боцки.[2]
  • Ferocactus latispinus subsp. spiralis — 5–7 странични боцки.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Овој кактус често се користи како украсно растение. Овој кактус цвета во раната фаза на развојот, што е пожелна хортикултурна карактеристика. Издржлив е до −4 °C. Просечна минимална температура е 10 °C.[2]

Лигавите габи се хранат со остатоците во распаѓање на овој кактус во Мексико.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Anderson, Edward F. (2001). The cactus family. Timber Press. стр. 332. ISBN 0-88192-498-9. Посетено на 28 August 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Devil's Tongue Barrel, Crow's Claw Cactus“. Desert Tropicals website. Архивирано од изворникот на 2000-04-19. Посетено на 28 August 2010.
  3. Lado, C.; Mosquera, J.; Estrada-Torres, A.; Beltran-Tejera, E.; De Basanta, D. W. (2007). „Description and culture of a new succulenticolous Didymium (Myxomycetes)“. Mycologia. 99 (4): 602–611. doi:10.3852/mycologia.99.4.602. PMID 18065011.