Ширгисвалде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ширгисвалде
Место во Ширгисвалде-Киршау
Грб на Ширгисвалде
Ширгисвалде is located in Германија
Ширгисвалде
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Бауцен
Град Ширгисвалде-Киршау
Основни податоци
Површина 8,48 км2
Надм. височина 342 м
Население 2.883  (31 декември 2009)
 - Густина 340 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BZ
Пошт. бр. 02681
Повик. бр. 03592
Портал www.schirgiswalde.de
Координати 51°04′N 14°26′E / 51.067° СГШ; 14.433° ИГД / 51.067; 14.433Координати: 51°04′N 14°26′E / 51.067° СГШ; 14.433° ИГД / 51.067; 14.433

Ширгисвалде (германски: Schirgiswalde, горнолужички: Šěrachów) — град и поранешна општина во округот Бауцен во Саксонија, Германија. Од 1 јануари 2011 година е дел од градот Ширгисвалде-Киршау. Се наоѓа на реката Шпре, 15 километри јужно од Бауцен. Малиот град е службено место за одмор (staatlich anerkannter Erholungsort). Заедно со селата Кростау и Киршау ја претставуват административната општина Ширгисвалде-Киршау.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Ширгисвалде првпат бил споменат во документо до 1346. Во Триесетгодишната војна поголемиот дел од населбата била уништена и нејзиното население изумрело. За поддршка на обновата и економскиот развој на општината, сопственикот на Ширгисвалде станал град во 1665. Подоцна, малиот град станал дел од „domstift“ во Бауцен - тоа значи дека припаѓал на црквата. До средината на 19-от век, останал под тој режим и правото на „domstift“.

Во 1635, Горна Лужица станала дел од Саксонија, но Ширгисвалде сè уште припаѓал на Чешка како енклава. Па така, повторно станал католички град, како Чешка по Триесетгодишната војна. Ситуацијата како чешка енклава во Саксонија траела до 1809 - следните 35 години статусот на градот не е познат. Големи дипломатски аргументи помеѓу Саксонија и Австрија останале без никаков успех на ниедна страна. Во 1810, саксонските трупи го преземале Ширгисвалде. Оттогаш Австрија немала повеќе политичка моќ во градот, но сè уште се претставувала како негов сопственик. Тоа траело до 1845, кога официјално градот станал дел од Кралството Саксонија.

Музеи и знаменитости[уреди | уреди извор]

Општинскиот музеј може да се најде близу главната улица и близу паркот на градот. Нуди поглед на сите типични ракотворби и некои археолошки пронајдоци и документи поврзани со историјата на градот. Во барокната католичка црква на ридот во стариот град можат да се видат некои стари скулптури. Како и во другите лужички села и градови може да се набљудува карактеристичната лужичка архитектура.