Шиник
Изглед


Шиник[1][2] — дрвен сад со валчест облик што служи како стара мера за зрнестите плодови од житарки. Денес, шиникот е етнолошки предмет кој го отсликува традиционалниот начин на живот, а се користи и како украс во рестораните во етно-стил.
Опис
[уреди | уреди извор]Шиникот има облик на длабок валчест сад, може да има рачки, но не секогаш. Се изработува од дрво, со длабење на едно парче дрво, но со оглед на големината се изработува и од свиткани штички. Најчесто се користеле видови дрво кои се отпорни на влага и не испуштаат мирис, како што се бука, јавор или орев.
Мерило
[уреди | уреди извор]Шиникот се користел како мерило за жито. Еден шиник бил половина осмак.