Шинано (река)
| Шинано | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Јапонско Море |
| Должина | 367 км |
| Особености на сливот | |
Шинано јапонски: 信濃川, шинано-гава) — најдолгата и најголемата[1] река во Јапонија. Тече од префектурата Нагано до префектурата Ниигата, каде е наречена Чикума (千曲川, чикума-гава).
Извира во планината Кобуши, на тромеѓата на Сајтама, Јаманаши и Нагано и тече на северозапад, каде се среќава со притоката Сај од Мацумото. Подрачјето на уоката, наречено Каванакаџима (川中島), е познато по местото кајшто избиле Битките кај Каванакаџима помеѓу војските на властелините Такеда Шинген од Кај и Уесуги Кеншин од Ечиго. Потое течението свртува во североисточен правец и реката се влева во Јапонското Море кај градот Ниигата.
Во 1922 г. е изграден каналот Окозу како заштита на Ниигата од поплави. Ова овозможило создавање на големи и богати оризови полиња во Ниигатската Рамница.
По реката („Чикума“) се наречени два борбени крстосувачи Царската јапонска морнарица.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nilsson, Christer; Reidy,Catherine A.; Dynesius, Mats and Revenga, Carmen; Fragmentation and Flow Regulation of the World’s Large River Systems; Science; vol. 308; стр. 405-408
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Шинано на Ризницата ?- Речна служба на Шишано (англиски)
37°23′17″N 138°48′39″E / 37.38806°N 138.81083°E
|
