Прејди на содржината

Шибенска капа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Човек во народна носија со шибеничка капа.

Шибеник капа (хрватски: šibenska kapa) е регионална варијанта на традиционална црвена или темно портокалова капа што се користи на Балканот, а е развиена во Шибеник, Хрватска.

Историја

[уреди | уреди извор]

Капата денес е повеќе портокалова во боја отколку црвена, а поедноставена во кројот (без конусен врв, рамна одозгора). Извезена е со карактеристичен црн орнамент и без никакви висечки додатоци. Капата е модифицирана според постари традиционални форми за време на работата на Индустријата за народни везови (хрватски: Industrija narodnog veziva) држено од семејството Матавуљ во хрватскиот град Шибеник од 1844 до 1945 година.

Капата била добро позната низ цела Хрватска и била забележлива како симбол на Шибеник и широко позната меѓу регионалните носии воопшто, претставувајќи го не само Шибеник и неговата околина, туку и северна Далмација или општиот хрватски идентитет кога била претставена надвор од Хрватска.

Шибеничката капа е вклучена во националниот список на нематеријално културно наследство во 2008 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]