Шибалба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шибалба (мајански: Xibalba, „место на стравот“)[1] е името на подземјето во мајанската митологија, каде владеат мајанските богови на подземјето и смртта. Во 16 век се верувало дека влезот во шибалба била пештерата во Кобан, Гватемала. Денес староседелското мајанско население, поточно народот Кичејци, сè уште го поврзува регионот со смртта. Пештерскиот систем во Белизе исто така се сметал за влез во шибалбата.[2]

Жители[уреди | уреди извор]

Шибалба е опишана во Попол Вух како место под земјата и ова место се поврзувало со смртта и со дванаесетте Богови или моќни владетели познати како Господарите на Шибалба. Првиот од господарите бил Хун Каме, а потоа и Вукуб Каме, иако првиот е постар.[3][4] Останатите биле именувани како демони и имале надлежност врз различни човекови страдања: болести, гладувања, страв, немаштија, бол и смрт.[1] Сите овие богово работаат во парови: Шикирипат (краста) и Кучумакик (крв) ја заразуваат човековата крв, Ахалпух (гној) и Ахалгана (жолтица) ги отекуваат човековото тело, Чамијабак (коски) и Чамијахолом (череп) го претвораат човековото тело во скелет, Ахалмез (ѓубре) и Ахалтокоб (убод) се кријат кај нечисти домови и ги убодуваат луѓето до смрт, и Шик (кријла) и Патан (торба за патување?) ги правеле луѓето да кашлаат крв додека патувале по пат.[3][4] Останатите жители на подземјето биле под владеење на овие Богови и биле праќани на површината на земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Hooker, Richard. „Native American Creation Stories“. Washington State University. http://www.wsu.edu/~dee/NAANTH/CREATION.HTM. 
  2. Walker, Amélie A. (June 2000). „My Trip to Xibalba and Back“. Archaeological Institute of America. http://www.archaeology.org/online/features/belize/xibalba.html. 
  3. 3,0 3,1 Popol Vuh: The Sacred Book of the Maya; The Great Classic of Central American Spirituality, Translated from the Original Maya Text by Allen J. Christenson (2007)
  4. 4,0 4,1 Popol Vuh: Sacred Book of the Ancient Quiche Maya (Civilization of American Indian) by Adrian Recinos, Delia Goetz, David Goetze, and S.G. Morley, (1991)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]