Шеќер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шеќерна коцка)
Прејди на: содржини, барај
Зголемување на кристали на рафиниран шеќер
Зголемување на типичен шеќер

Шеќерот, сухроза или сахароза, претставува бел кристал на тврд дисахарид. Луѓето најчесто ја избираат сухрозата како средство за менување на вкус или карактеристики (чувство во уста, одржување и текстура) на течности и храна. Шеќерот што се произведува комерцијално се прави од шеќерна трска или шеќерно цвекло.

„Простите“ шеќери, или моносахаридите (како глукоза), содржат енергија која биолошките клетки ја користат и трошат. Во просечна листа на состојки, секој збор што завршува со „оза“ најверојатно претставува вид на шеќер.

За информации за други типови на шеќери, погледнете ги моносахаридите и дисахаридите.

Од готвачки аспект, шеќерот ги прави работите слатки, што е еден од примарните човекови вкусови.

Шеќерот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Шеќерот се јавува како тема во бројни дела во уметноста и во популарната култура, како:

  • Шеќерна приказна - книга за деца на Славко Јаневски од 1952 година.[1]
  • „Шеќерче, шеќерче“ (Sugar, sugar) - песна на групата „Арчис“ (The Archies) од 1969 година.[2]
  • „Шеќерче, шеќерче“ (Suga, suga) - песна на американскиот рапер Бејби Беш (Baby Bash) од 2003 година.[3]
  • „Шеќерче (дај ми малку)“ (Sugar (Gimmie some)) - песна на американскиот рапер Трик деди (Trick Daddy) од 2004 година.[4]
  • „Шеќерче, шеќерче, шеќерче“ (Sunday's Slave) - песна на рок-групата „Ник Кејв енд д бед сидз“ (Nick Cave and the Bad Seeds) од 1988 година.[5]
  • „Шеќерна трска“ (Sugar Kane) - песна на американската рок-група „Соник јут“ (Sonic Youth) од 1992 година.[6]
  • „Шеќер“ (Sugar) - песна на американската панк-рок група „Бикни Кил“ (Bikini Kill) од 1993 година.[7]
  • „Шеќер“ (Sugar) - песна на американската рок-група „Марун 5“ (Maroon 5).[8]
  • „Шеќерна вода“ (Sugar Water) - песна на американското дуо „Cibo Matto“ од 1996 година.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]