Шеќерино, малој моме

Од Википедија — слободната енциклопедија

Песната Шеќерино, малој моме — тетовска староградска песна, која раскажува за љубовта на Иљо Мачурче и аџи Зора.[1]

Историја на настанувањето[уреди | уреди извор]

Песната настанала кон крајот на 19 век. Миле Стеванов. разочаран од свршувачката на тетовската убавица аџи Зора со Иљо Герасимовски – Мачурче, ја нарачал со надеж дека текстот на песната ќе биде причина за раскинување на свршувачката. Песната со своите мелоритмички особености веднаш ги одушевила жителите на Тетово.

Изведби[уреди | уреди извор]

Песната Шеќерино, малој моме се наоѓа на албумот Тетовски староградски бисери на тетовската група Серенада, издаден 1986 г. од тогашен Југотон, сега Кроација – Рекордс.

Тетовската група Шербет исто така ја има снимено оваа песна на својот ЦД наречен Спомен, издаден 2018 г. од Студио ЛЦВ.

Текст[уреди | уреди извор]

Шеќерино малој моме,

шеќеројна ти миришиш,

шеќеројна ти миришиш,

шеќер носиш у пазува.

Шеќер носиш у пазува,

а у рука ќитка цвеќе,

а у рука ќитка цвеќе,

да се ќити аџи Зора.

Да се ќити аџи Зора,

да премами све беќари,

да премами све беќари,

а највише млад Иљота.

А највише млад Иљота,

млад Иљота, Мачурчета.

Шеќерино мори, малој моме,

која вечер ја да дојдем?

Сакаш дојди, сакаш нејди,

севдата ѝ поминала,

сакаш дојди, сакаш нејди,

лицето ѝ огрубело.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кочоски, Владимир (2006). Песни и судбини. Тетово: Печатница Напредок. ISBN 9989-730-47-4.