Шејлин Вудли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шејлин Вудли
Вудли во 2014
Роден(а)Шејлин Дајен Вудли
15 ноември 1991 (1991-11-15) (27 г.)
Сан Бернандино, Калифорнија, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период1999–сеуште

Шејлин Дајен Вудли (роден на 15 ноември 1991 г.)[1] — американска глумица.

Таа ја започнала својата кариера глумејќи во телевизиски серии, привлекувајќи го вниманието на јавноста со серијата Тајниот живот на американскиот тинејџер (2008–13) во која играла главна улога. Својата прва филмска улога таа ја добила во драмата Потомци (2011), за која добила награда Спирит за најдобра глумица во споредна улога и номинација за Златен глобус за најдобра споредна глумица. За нејзината изведба во тинејџерската драма Спектакуларна сегашност (2013), таа и Мајлс Телер ја добиле специјалната награда за глума од жирито на Филмскиот фестивал Санденс, а исто така таа добила номинација за наградата Спирит за најдобра глумица во главна улога.

Вниманието на светската јавност, Вудли го привлекла со улогата на Беатрис Прајор во филмскиот серијал Различна и со улога на Хејзел Грејс во романтичната драма Виновни се ѕвездите (2014).[2]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Вудли е родена во Сан Бернандино, Калифорнија,[1] но израснала во Сими Вали, Калифорнија. Нејзината мајка, Лори,[1] е психолог во средно училиште, а нејзиниот татко, Лони, е директор во училиште.[3] Нејзиниот татко има англиско потекло, а нејзината мајка влеќе афроамерикански, креолски, англиски и швајцарски корени.[4] Таа има помлад брат.[5] На 15-годишна возраст и била дијагностицирана сколиоза.[6] Таа носела пластичен корсет долг од градите до колената со цел да го спречи искривувањето на ‘рбетот.[7]

Вудли учела во средното училиште Сими Вали.[8] Пред да ја добие улогата во Тајниот живот на американскиот тинејџер, таа планирала да студира внатрешно уредување на Њујоршкиот универзитет.[9]

Филмогафија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2011 Потомци Александра „Алекс“ Кинг
2013 Спектакуларна сегашност Ејми Финеки
2014 Бела птица во виулица Катрина „Кат“ Конор
2014 Различна Беатрис „Трис“ Прајор
2014 Виновни се ѕвездите Хејзел Грејс
2015 Различна: Побунети Беатрис „Трис“ Прајор
2016 Различна: Следбеници Беатрис „Трис“ Прајор Пост продукција
2016 Сноуден Линдзи Милс Пост продукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
1999 Замена за тато Малечко девојче ТВ филм
2001–03 Дистрикт Кристин Дебрено 3 епизоди
2001–04 Преминувајќи ја Јордан Младата Џордан Кавано 4 епизоди
2003 Без трага Младата Клер Меткалф Епизода: „Clare de Lune“
2003–04 Округот Оринџ Младата Кетлин Купер 6 епизоди
2004 Сите го сакаат Рејмонд Вообразена девојка Епизода: „Party Dress“
2004 Место наречено дом Калифорнија „Кали“ Форд ТВ филм
2004–05 Џек и Боби Клои Бенедикт 2 епизоди
2005 Фелисити: Авантура на американско девојче Фелисити Мериман ТВ филм
2005 Некогаш одамна на душекот Моли ТВ филм
2006 Се викам Ерл Младата Гвен Епизода: „BB“
2007 Истрага на местото на злосторството: Њујорк Иви Пирпонт Епизода: „A Daze of Wine and Roaches“
2007 Близу дома Габи Терси Епизода: „Getting In“
2007 Злосторства од минатото Сара Ганден Епизода: „Running Around“
2007 Проколнат лет Маја Бендер ТВ филм
2008–13 Тајниот живот на американскиот тинејџер Ејми Џоргенс Главна улога (121 епизода)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Shailene Diann Woodley, Born 11/15/1991“. California Birth Index. конс. 10 August 2015. 
  2. Vilkomerson, Sara (March 19, 2013). „Shailene Woodley offered lead role for 'The Fault in Our Stars'. Entertainment Weekly. конс. March 19, 2013. 
  3. „Shailene Woodley of Simi Valley stars with George Clooney in 'The Descendants' » Ventura County Star Mobile“. M. vcstar.com. конс. 2012-11-19. 
  4. Follers (11 October 2012). „Shailene Woodley“. Ethnic Celebs. конс. 10 Aug 2015. 
  5. Biography Today. Detroit, Michigan: Omnigraphics. 2009. стр. 159. ISBN 978-0-7808-1052-5. 
  6. Zimmerman, Danielle (21 March 2014). „Fifteen fun facts about Shailene Woodley and Theo James“. Hypable. 
  7. "Biography Today", pp.161–162
  8. Strauss, Bob (July 29, 2013). „Shailene Woodley, Miles Teller experience the coming of age without stereotypes in 'The Spectacular Now'. Los Angeles Daily News. конс. December 8, 2013. 
  9. Stone, Emma (July 2013). „Shailene Woodley — Page — Interview Magazine“. Interview Magazine. конс. December 8, 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]