Шери (филм)
„Шери“ (француски: Chéri) – филм на режисерот Стивен Фрирс (Stephen Frears) од 2009 година. Автор на сценариото е (Christopher Hampton), засновано врз истоимениот роман на француската писателка Колет (Colette) од 1920 година и според неговото продолжение „Последниот Шери“ од 1926 година. На Берлинскиот филмски фестивал, Фрирс бил номиниран за наградата „Златна мечка“. Главните улоги ги играат: Мишел Фајфер (Michelle Pfeiffer), Руперт Френд (Rupert Friend) и Кети Бејтс (Kathy Bates).[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Пензионираната куртизана Шарлот (ја игра Бејтс) за замолува својата поранешна колешка Леа (ја игра Фајфер) да го упати нејзиниот син Шери во тајните на љубовта. Леа и Шери започнуваат страсна љубовна врска која трае шест години. Меѓутоа, кога Шарлот договара брак на Шери со една млада жена, тој е принуден да ја прекине врската со Леа. Таа, пак, се повлекува на југот на Франција, но судбината повторно ги спојува двајцата љубовници...