Шерафетин Неби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1 октомври 1920
Скопје
Починал 1 јули 2008
Скопје
Националност Македонски турчин
Занимање актер
режисер
драмски автор

Шерафетин Неби (турски: Şerafetin Nebi; Скопје, 1 октомври 1920, - Скопје, 1 јули 2008) бил македонски актер, режисер и драмски автор.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Неби е роден во Скопје на 1 октомври 1920 година во турско семејство. Основно и средно образование (медреса) завршил во Скопје во 1937 година. До 1950 година работел како учител и како бербер, а потоа се вработил во Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Воедно тој бил еден од неколкутемина основоположници на оваа институција, во која работел до пензионирањето во 1986 година[3]. Добитник бил на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп во 2002 година. Починал на 1 јули 2008 година во Скопје.[4]

Творештво[уреди | уреди извор]

Одиграл над сто улоги, најчесто главни. Режирал дваесетина претстави. Автор е на три пиеси (Суртук, Рашела, Месечина во облаци). Некои од поважните театарски улоги му се во : Милисав (Сомнително лице, 1950); (Зулумќар, 1953); (Сосила лекар, 1954); (Источен ветер - западен ветер, 1955); (Коштана, 1956); Згаарел (Ѓаволштините на Скапен, 1957); (Тахир и Зухре, 1962); (Сите мои синови, 1968); Јаго (Отело, 1973); (Шест лица го бараат авторот, 1974); Д-р Петров (Моралист, 1976); Трајан (Рацин, 1979); Тарарас (Шеќерна приказна, 1981).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stefanovski, Risto (1998). Letopis na makedonskata drama i na teatarot vo Makedonija. Direkcija za kultura i umetnost. 
  2. Stardelov, Georgi (2004). Teatarot na počvata na Makedonija od antikata do denes: prilozi za istražuvanjeto na istorijata na kulturata na počvata na Makedonija. Makedonska akademija na naukite i umetnostite. ISBN 9789989101403. 
  3. Стефановски, Ристо (2009) (на македонски). Монографија на турскиот театар. Скопје: Национална установа „Турски театар“. ISBN 978-608-65109-0-9. http://www.turktiyatrosu.mk/files/monografi_mk.pdf. 
  4. Почина актерот Шерафетин Неби“, Време, 3 јули 2008 (посет. 19 февруари 2011 г). (на македонски)