Ѓулчилер амам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шенѓул амам)
Ѓулчилер амам
Остатоци од Ѓулчилер амам
Карта
Општи податоци
СтилОсманлиска архитектура
ГрадСтара скопска чаршија
Скопје
Земја Македонија
Почната15 век
Урната1963
Проектирање и изградба
АрхитектМула Муследин Оџа

Ѓулчилер амам (познат и како Шенѓул амам или Кури амам) — некогашен амам во Старата скопска чаршија кој се наоѓал во непсоредна близина на Куршумли ан. Го изградил Мула Муследин Оџа во втората половина на XV век. Објектот претставувал амам сè до пожарот од 1689 година. Подоцна е разрушен во земјотреост од 1963,[1] а денес се останати само остатоци од неговите ѕидини.[2] Познато е дека објектот спаѓал во групата на единечни амами, при што неговите димензии биле со складна големина. Имал живописна фасада, што се должи на градежните материјали од кои бил изграден, камен и тула. Во амамот се влегувало од јужната страна, а влезната порта била богато украсена. Внатрешниот дел бил сталактитно украсен, што може да се забележи и од остатоците.[3] Кај народот, амамот бил познат и како „Кури амам“, што во превод од турски значи „сува бања“.[4]

Во минатото, Ѓулчилер амам, заедно уште со џамијата Казанџилер и Куршумли ан, образувале една целина, од која денес е преостанат само Куршумли ан, кој бил обновен по делумното разрушување во земјотресот.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ослободувањето и катастрофалниот земјотрес во 1963 г Архивирано на 12 септември 2011 г., sataracarsija.mk.
  2. Казанџилер џамија Архивирано на 28 март 2012 г., sataracarsija.mk.
  3. Ѓулшен амам[мртва врска], Скопско наследство.
  4. 4,0 4,1 Кури амам бил сува бања Архивирано на 8 март 2016 г., Вест, 29 декември 2008.