Прејди на содржината

Шексна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шексна
Манастирот Горицки покрај реката
Карта на сливот на Рибинското Езеро. Шексна е прикажана на картата.
Изворно имеШексна  (руски)
Местоположба
ДржаваРусија
Физички особености
ИзворБело Езеро
  координати60°04′N 38°00′E / 60.067°N 38.000°E / 60.067; 38.000
  надм. вис.120 м
УстиеРибинско Езеро
  координати
59°05′11″N 37°45′45″E / 59.0863°N 37.7624°E / 59.0863; 37.7624
Должина139 км
Големина на сливот19000 км²
Проток 
  просечен172 cubic metres per second (6,100 cu ft/s)[1]
Особености на сливот
ТечениеРибинско ЕзероВолгаКасписко Море

Шексна (руски: Шексна́) — река и лева притока на Волга која се наоѓа во реоните Белозерски, Кириловски, Шекснински и Череповецки во Вологдската Област во Русија.

Нејзината должина е 139 км, а сливната површината е 19,000 км² и главни притоки Сизма на лево и Ковжа на десно.

Според Етимолошкиот речник на Макс Вазмер, потеклото на името на реката е нејасно и непознато, но можно е да потекнува од фински јазик на кој во превод името значи „клукајдрвец“ или поточно „шарен клукајдрвец“,[2] а по реката Шексна се именувани населбата од градски тип Шексна и Шекснинскиот реон.

Изворот на Шексна е во југоисточниот крај на Белото Езеро и тече на југ па се пренасочува на исток влевајќи се во северниот дел на Рибинското Езеро на Волга во близина на градот Череповец и градската населба Шексна.

Поголемиот дел од сегашниот тек на реката бил опфатен како вештачко езеро Шексна, со брана изградена во Шексна со што претходно, должината на Шексна била околу 400 км, а устието на реката се наоѓало во градот Рибинск, Јарославска Област.

Делот од реката помеѓу Череповец и Рибинск исчезнал кога бил изградено вештачкото Рибинско Езеро помеѓу 1935 и 1947 година, а во моментов, единствениот природен дел од течението на Шексна се наоѓа помеѓу населбата Шексна и градот Череповец.

Речниот слив на Шексна опфаќа огромни области на запад и северозапад од Вологодската Област, вклучувајќи и делови од Витегорскиот, Вашкинскиот, Кириловскиот, Белозерскиот, Шекснинскиот и Череповецкиот реон, а воедно и помали области во Каргополскиот реон во Архангелската Област која област ги вклучува градовите Кирилов и Белозерск, како и градската населба Чјобсара и селото Липин Бор кој воедно бил административен центар на Вашкинскиот реон.

Шексна е дел од Волга-Балтичкиот воден пат и се користи и за крстарења и за товарен сообраќај.

Северната Двина ги поврзува сливовите на Волга и Северна Двина преку езерото Кубенское, и Белозерскиот канал, кој го заобиколува езерото Белое, се поврзуваат со Шексна.

  1. Шексна (река в Вологодской обл.). Great Soviet Encyclopedia.
  2. Фасмер, Макс. Этимологический словарь Фасмера (Russian). стр. 686. Архивирано од изворникот на 2017-02-24. Посетено на 2026-05-05.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Река Шексна (Russian). Државен регистар на води на Русија. Посетено на 7 мај 2026.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)