Шеваљ Етеми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шеваљ Етеми
Sheval Ethemi
ПрекариВаљони
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Шеваљ Етеми (албански: Sheval Ethemi; Палатица, Тетовско,[1]) е поранешен член на ОНА.

Военото образование го завршил на Воената Академија во Скопје „Михајло Апостолски“, каде завршува како академец од втората генерација. Ваљони по завршувањето на академијата бил распореден во скопската касарна „Илинден“ како потпоручник во свечената гарда на АРМ, во кој спаѓал и водот за придружба на претседателот Трајковски. Командантот Ваљони, потекнува од косовско семејство. Етеми бил потпоручник во АРМ и официр во гардата на претседателот на Македонија кој од нејзините редови се повлекол во март 2001 година и се приклучил на ОНА. Во текот на војната, се истакнал како добар снајперист. Бил командант на ОНА во 112 регионална бригада „Мујдин Алиу" (Тетовско) и шеф на оператива.

Во редовите на терористите тој раководел единица за брзи интервенции на 112-та бригада на ОНА "Мујдин Алиу", која имала дваесетина луѓе. Оваа единица била задолжена да ги елиминира евентуалните заседи што ќе ги постават припадниците на македонската полиција и војска. Според информациите, Шеваљ Етеми е еден од осомничените егзекутори на осумте македонски бранители во масакрот кај Вејце. Тој се сомничи и за поттикнување дезертерство на војници на АРМ од албанска националност. Командант Валони неколкупати им се јавувал телефонски на поранешните колеги, офицери од АРМ и им се заканувал. Тој испраќал закани и до аеродромот Скопје дека, наводно, има поставено бомби. Полицијата располага со докази дека командант Валони, заедно со командант Лека, вршел етничко чистење и киднапирање цивили во селата Једоарце, Отушиште, Брезно, Варвара, Лешок и Теарце. Додека бил на служба во гардата на претседателот Трајковски, Шеваљ Етеми бил еден од битните воени разузнавачи и тесно соработувал со Димче Ѓорчевски, Милисав Таштановски и со Никола Костески, тројцата воени разузнавачи. Додека бил на служба во АРМ, Етхеми имал контакти и со ОНА.

По крајот на војната, согласно законот за амнестија, бил ослободен кривично. На 27 септември 2001 година сепојавил во Шипковица при прес конференцијата на Али Ахмети за расформирање на ОНА

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 94