Швилме

Координати: 51°22′24″N 9°26′45″E / 51.3734° СГШ; 9.4457° ИГД / 51.3734; 9.4457
Од Википедија — слободната енциклопедија
Швилме
Устието на Швилме кај Липолдсберг
Место Хесен и Долна Саксонија, Германија
Должина 29 км
Извор западно од Хетензен
51°22′24″N 9°26′45″E / 51.3734° СГШ; 9.4457° ИГД / 51.3734; 9.4457
Висина на изворот околу 332 м над м.н.
Утока кај Липолдсберг во Везер
51°37′39″N 9°33′14″E / 51.627398° СГШ; 9.553830° ИГД / 51.627398; 9.553830
Висина на утоката околу 106 м над м.н.
Спуст ~ 226 м
Слив Везер
Одлив Везер → Северно Море
Слив 289,753 км² [1]

Швилме (германски: Schwülme) — река, долга 29 километри, десна притока на реката Везер, која тече низ сојузните покраини Долна Саксонија и Хесен, Германија.

Извор[уреди | уреди извор]

Реката потекнува од округот Нортхајм (јужна Долна Саксонија) во југоисточните делови на Золинг во областа на врвовите Штеберг (433 м) и Брамбург (461 м) од неколку потоци.

Тек[уреди | уреди извор]

Швилме тече на почетокот кон исток и малку подоцна врти кон југ преку Хетензен и Ледингзен кон Аделебзен. Потоа врти кон запад, примајќи ги водите на Аушнипе и продолжувајќи кон северозапад. Потоа, тече низ Офензен, Ферлихаузен и Алберсхаузен, а помеѓу последните две места ги прима водите на Але. Потоа тече кон запад кон округот Касел.

Устие[уреди | уреди извор]

На крајот Швилме тече кон запад и се влева во Везер во близина на местото Липолдсберг на надморска височина од 107 метри.

Сливно подрачје и притоки[уреди | уреди извор]

Најважна притока на Швилме, чие сливно подрачје е 290,1 км2 (22,07 км2 во Хесен), е реката Але. Друга поголема притока е Аушнипе.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]