Шверинско Езеро
| Шверинско Езеро Schweriner See | |
|---|---|
Поглед на Шверинското Езеро | |
| Подрачје | Мекленбург-Западна Померанија |
| Координати | 53°38′N 11°28′E / 53.633°N 11.467°E |
| Вид | еутропско |
| Главни истеци | Валенштајнграбен, Канал Штер |
| Слив | 414 км[1] км2 |
| Сливни земји | |
| Најг. должина | 24,8 км[2] км |
| Најг. ширина | 6 км км |
| Површина | 61,54 км2[1] км2 |
| Прос. длабочина | 12,8 м[1] м |
| Најг. длабочина | 52,4 м[1] м |
| Зафатнина | 787 мил. м3[1] км3 |
| Проточност | 10,1 година |
| Надм. височина | 37,6 м м |
| Населени места | Шверин, Бад Клајнен |
Шверинско Езеро (германски: Schweriner See) — езеро во мекленбуршката приморска равница помеѓу Шверин и Висмар. Се наоѓа во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во северна Германија. Тоа е еутропско езеро богато со алги и со помал кислород.
Езерото е долго 21 километар и широко до 6 километри. Има површина од 61,54 км2. По тоа ова езеро е четврто езеро по големина во Германија, а второ во северна Германија, веднаш зад езерото Мириц. Езерото е именувано во главниот град на сојузната покраина Шверин, кој се наоѓа на неговиот југозападен брег. Помалиот град Бад Клајнен е сместен на северниот брег на езерото.
Шверинското езеро на југ е поврзано со канал преку реката Елде со реката Елба. На север со реката Валенштајнграбен се поврзува со Висмар. Оваа река не е пловна, со исклучок за вештите кајакари. Браната што се наоѓа на средината на езерото, го дели на внатрешно и надворешно езеро. Делови од езерото и бреговите се заштитени како птичји резерват.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Карта на Шверин и неговите езера
- Воздушен поглед на Шверин и езерата
- Шверинскиот замок сместен на остров во самото езеро
- Јахт-клуб на Шверинското Езеро
- Бродови за разгледување на езерскиот брег
- Плажа во Ципендорф, дел од Шверин
- Утрински поглед на езерото
- Изгрејсонци на полуостровот Марстал
- Шверин погледнат од езерото
- Кула за набљудување на Канинхенвердер, остров во Шверинското Езеро
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Шверинско Езеро на Ризницата ?- Никсдорф, Б. (2004), „Шверинско Езеро“, Dokumentation von Zustand und Entwicklung der wichtigsten Seen Deutschlands (германски), Берлин: Сојузна служба за животна средина (Umweltbundesamt), стр. 265 Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=(help)
| Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|