Прејди на содржината

Шведска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шведската азбука е писмо што го користи шведскиот јазик. Азбуката се заснова на стандардната латиница но има и три букви што се воведени поради потребите на шведскиот гласовен систем. Трите букви што се карактеристични не само за шведскиот јазик туку и за останатите скандинавски јазици се буквите "Å", "Ä" и "Ö" . Тие се ставени на крај од азбуката што не е случај и со германската азбука, бидејќи буквите "Ä" и "Ö" се користат и во германскиот јазик. Азбуката има 29 букви и е официјална азбука на територијата на Кралството Шведска

A, B, C, D, E, F, G, H, I, J, K, L, M, N, O, P, Q, R, S, T, U, V, W, X, Y, Z, Å, Ä, Ö
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z å ä ö

Поврзано

[уреди | уреди извор]