Шајлок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шајлок по судењето од Џон Гилберт John (крај на XIX век)

Шајлок (англиски: Shylock) — лик во драмата Венецијанскиот трговец од Вилијам Шекспир.[1]

Во драмата[уреди | уреди извор]

Во „Венецијанскиот трговец“, Шајлок е еврејски лихвар кој му позјмува пари на својот христијански соперник, Антонио,одредувајќи како гаранција парче месо од неговото тело. Кога банкротираниот Антонио не успева да го врати заемот ,Шајлок го бара парчето месо, како одмазда за навредите и плукањето врз него од страна на Антонио. Во меѓувреме ќерката на Шајлок, Џесика, бега со пријателот на Антонио, Лоренцо, и станува христијанка, дополнително разгорувајќи го бесот на Шајлок. Таа исто така зема пари и накит од Шајлок.

Историска позадина[уреди | уреди извор]

Во Шекспировото време, лихварството е многу честа професија помеѓу Евреите. Причината за тоа е што христијаните не се занимаваат со оваа професија поради верувањето дека лихварството е грев и поради фактот дека оваа е една од ретките професии кои им се дозволени на Евреите во средновековна Европа.

Опис[уреди | уреди извор]

Шајлок на сцената[уреди | уреди извор]

Џејкоб Адлер и другите известуваат дека традицијата на глумење Шајлок благонаклонето започна во првата половина на XIXвек со Едмунд Кин, и дека претходно улогата била играна „од страна на комедијант како одбивен кловн или алтернативно, како чудовиште од неосвежено зло“. Кин, во улогата на Шајлок, ја изградил својата глумечка репутација. По Кин, многу глумци кои ја играле оваа улога, со исклучок на Едвин Бут кој го одиграl како наивен злобник, избраа помил пристап кон ликот; дури и татко му на Бут, Јуниус Брутус Бут, ја изигра оваа улога благонаклонето. Описот на Хенри Арвинг како аристрокатски , горд Шајлок (првпат виден на Ликеј во 1879, заедно со Порција, чија улога ја игра Тери Елен) е наречен „на врвот на негoвата кариера“. Јакоб Адлер бil најзабележителен на почетокот на XX век, играјќи ја улогата на Евреин во англиско-јазичната продукција.Во англиското-говорно подрачје Шајлок е претежно претставен како ашкензиски Евреин (традицијата е сè уште очигледна во филмовите на Ал Пачино), иако случувањето требаше да се одржи во Венеција, изразувајќи го претставувањето на денешните британски и американски глумци и гледачи, отколку времето и местото на поставувањето.

Кин и Арвинг го презентираат Шајлок како праведен во желбата за одмазда.Адлер, со текот на годините, ја развива својата улога во ликот на Шајлок, прво како вообичаен Шекспиров злобник, а потоа како човек чие подобрата природа е совладена од желба и одмазда, и конечно како човек кој дејствува, не од одмазда, туку од гордост. Во 1902 година, во интервјуто за весникот „Театар“, Адлер истакнува дека Шајлок е богат човек „доволно богат што може да се откаже од каматата на три илјади дукати“ и дека Антонио „не е воопшто кавалер како што изгледа“.Тој го навредува Евреинот и плука по него, а доаѓа со лицемерна љубезност за да позајми пари од него. Фаталната мана на Шајлок зависи од законот, но „нема ли тој да замине од судницата со главата исправено, исполнет со дрскост омраза и презир?“

Некои современи продукции преземаат понатамошни маки за да ја оправдат желбата за одмазда на Шајлок. На пример, во 2004 филмската адапција во режија на Мајкл Редфорф а во главна улога Ал Пачино како Шајлок.Филмот почнува со текст и монтажа на тоа како еврејската заедница е злоупотребувана од страна на христијанското население во градот. Едно од последните сцени во филмот го свртува вниманието кон фактот дека и кога Шајлок би преминал во христијанство и кога би бил исфрлен од еврејската заедница во Венеција,со забрана на живеење во гето, тој сè уште нема да биде прифатен од христијаните , бидејќи тие сè уште ќе го сметаат за Евреин. Друга интерпретација за Шејлок и визија за тоа како тој „мора да биде одглумен“ се појавува во заклучокот на автобиографијата на Александар Гранч, познат еврејски театарски и филмски глумец во Вајмар во Германија (подоцна во Холивид и Бродвеј).

Драмата на Арнолд Вескер Трговецот ја прикажува истата приказна од гледна точка на Шајлок. Во ова прераскажување, Шајлок и Антонио се пријатели поврзани со заемна љубов кон книгата и културата и презир кон антисемитиските закони на христијанската заедница.Тие ја праваат врската на неопслушно исмевање на христијанското постигнување, не предвидувајќи дека ваквата поврзаност може да стане штетна. Кога ќе се случува тоа, Шајлок мора да пробие низ законите или да ја доведе до опасност оскудната сигурност на целата Еврејска заедница. Тој е доста благороден кога Порцијаа како и во Шекспировата драма покажува легален излез од ситуацијата.Претставата ја доби својата американска премиера на 16 ноември 1977 во Њуjоршкиот театар Плимут со Јосиф Леон во улога на Шајлок, Маријан Селдес како Ривка, сестра на Шејлок и Роберта Максвел како Порција.Оваа продукција беше предизвик во историјата на развојот, кулминирајќи (по првата ноќ надвор од градот во Филаделфија, на 8 септември 1977) со смрт на Бродвеј ѕвезда Zero Mostel, кој првично беше отфрлен од улогата на Шејлок.Авторот на драмата Арнолд Вескер напиша книга забележувајки ги неволите во надворешниот дел од градот што ја напаѓа драмата и смртта на Мостел наречен „Раѓањето на Шејлок и смртта на Зеро Мостел“.

Значајни опишувања[уреди | уреди извор]

Значајни глумци кои го играат Шејлок Ричард Бурбиџ во 16 век, Чарл Маклин во 1741, Едмунд Кин во 1814, Вилиам Чарлс Мекриди во 1840, Едвин Бут во 1861, Хенри Арвинг во 1880, Џорџ Арлис во 1928, Џон Гилгуд ви 1937,Лоренс Оливие во Кралскиот Национален Театар во 1972 и на ТВ во 1973, Патрик Стјуард во 1965 во Театар Ројал Бристол и 1978, плус пpо една сцена Г-дин Стјуарт развиен под наслов Шејлок:Шекспировиот stranec” во 1987 и 2001, Ал Пачино во 2004 верзија за игран филм, како и во Централ парк во 2010 и Ф.Мурај Абрахам во Кралската Компанија на Шекспир во 2006. Господинот Патрик Стјуард исто така беше прогласен за глумец на претставата во улогата на Шејлок како дел од 50-годишниот јубилеј на кралската компанија на Шекспир. Под нацистичка власт во 1943,виенскиот Бругтеатар претстави фамозно екстремна продукција на Трговецот од Венеција со Вернер Краус како Шајлок.

Шајлок и модерниот антисемитизам[уреди | уреди извор]

Денес претставата често се одржува, но потенцијално ја вознемирува публиката поради неговите главни теми што лесно можат да се согледат како антисемитистички. И до ден денешен, критичарите сè уште се расправаат за ставот на критичарите во врска со антисемитизмот. Името на ликот стана синоним за лихвар и глагол што во превод значи да се позајмува пари за високи камати. Исто така, изразот парче месо е навлезен во лексиконот како жаргон за голема и непријатна должост.

Антисемитско читање[уреди | уреди извор]

Во периодот на Елизабета, англиското општество е опишано како антисемитско. Во средниот век, англиските Евреи биле протерувани и им било забрането да се вратат сè до владеењето на Оливер Кромвел. Во времето на Елизабета, Евреите често се прикажуваат како грозна карикатура, со свиткан нос и светлоцрвени перики и обично се опишани како скржави лихвари. Пример за тоа е „Евреинот од Малта“, драма од Кристофер Марло во која комично е прикажан негативецот Барбарас кој е Евреин.Тие обично се окарактеризирани како злобни и алчни измамници. Во текот на седумнаесеттиот век, во Венеција и некои други места за да се идентификуваат Евреите потребно било да носат црвена капа во јавноста. Доколку не се согласуваат со ова правило, тие можеле да се соочат со смртна казна. Исто така, Евреите требало да живеат во гето одвоено од христијаните, наводно за сопствена безбедност и се очекувало од Евреите да ги платат своите чувари.

Читателите можат да ги сфатат драмите на Шекспир како продолжение на оваа антисемитска традиција. На насловната страна на квартото укажува дека претставата некогаш била наречена „Евреинот од Венеција“, што е очигледна сличноста со „Евреинот од Малта“. Една интерпретација од структурата на драмата е дека Шакспир сака да ја спротивстави милоста на главниот христијански карактер со одмаздата на Евреинот. Сличноста на тоа е што можеби Шекспир мислел на присилно преобраќање на Шејлок да биде среќен крај за карактерот. Ова читање на драмата секако се совпаѓа со антисемитските трендови на Англија во периодот на Елизабета. Хајам Макоби тврди дека драмата е основана според средновековните драмиво која Дева Марија(овде поставена како Порша) расправа за простуванјето на човековите души како противенје на нескротливите обвинувања на ѓаволот (Шајлок).

Благонаклонето читање[уреди | уреди извор]

Многу современи читатели ја гледаат драмата како доказ за толеранција, покажувајќи симпатии кон Шејлок. На крајот на драмата гестот на Шејлок е исмејување на правдата. Александар Гранац кој ја игра улогата на Шејлок во Германија во 1920 пишува „како може одбраната на Шејлок да стане обвинение. Одговорот е едноставен – Бог и Шејлок не создадоа суштества од хартија, тие го создадоа од крв и месо.Иако поетот не го го познава Шаjлок и не му се допаѓа правдата од тој тип, го зеде делот од неговата црна пречка. Еден пример од модерен обид за да се разбере вистинската намера на Шекспир е разобличување на „ Трговецот од Венеција“ објавено од Роберт Шнајдер во 2011. Шнајдер го изменува гледиштето на претставата. Тој не ја прифаќа поделбата на Евреи и христијани помеѓу конфликтот помеѓу христијанското опростување и еврејската поврзаност на законот помеѓу стариот и новиот завет. Тој не мисли само на драмите на Шекспир, туку и на образованието што луѓето го имале во периодот на Елизабета и тоа покажува дека врсниците на Шекспир го делат идеалното однесување. Петар Латан, водич на Британскиот театар декември 2000.

Наводи[уреди | уреди извор]