Шаховски турнир во Вајк ан Зе

Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе — еден од најсилните шаховски турнири. Се одржува секоја година, најчесто во јануари, од 1937 (со исклучок во 1945, кога не е одржан). До 1967, турнирот се одржувал во градот Бевервијк, Холандија, а од наредната 1968 во Вајк ан Зе.
Од 1946 година, турнирот официјално се именувал како „Турнир Хоговенс“ (холандски: Hoogovenstoernooi) по името на компанијата-спонзор, холандскиот металуршки концерн „Хоговенс“. Во 1999 година, компанијата се обедини со компанијата British Steel, при што се создаде новата компанија Corus Group, па со оглед на тоа што новосоздадената компанија продолжи да го поддржува турнирот, турнирот се нарекуваше „Турнир Корус“ (англиски: Corus Chess). Во 2011 година, турнирот повторно го променил официјалното име во „Турнир Тата стил“ по името на индиската компанија Tata Steel, која во 2007 година ја презела групацијата Корус. Сепак, многумина неофицијално турнирот го нарекуваат според името на градот во кој се одржува.
На турнирот нучествувале многу познати шахисти, а од 1938 како победници се јавиле многу големи имиња во светот на шахот, како: Макс Еве, Бент Ларсен, Тигран Петросјан, Паул Керес, Ефим Гелер, Лајош Портиш, Борис Спаски, Михаил Ботвиник, Михаил Таљ, Виктор Корчној, Јан Тиман, Анатолиј Карпов, Владимикр Крамник, Гари Каспаров, Вишванартан Ананд и Веселин Топалов. Всушност, од светските шампиони по Втората светска војна, на оваа листа ги нема само имињата на Василиј Смислов и Боби Фишер. Во 2001, на турнирот учествуваа 9 од најдобрите 10 шахисти во светот.
Магнус Карлсен е шахистот со рекордни 8 победи на турнирот. Вишванатан Ананд победил 5 пати, а Макс Еве, Лајош Портиш, Виктор Корчној и Левон Аронјан победиле на турнирот по 4 пати.
Историја на турнирот
[уреди | уреди извор]Хоговенс Бевервијк
[уреди | уреди извор]Статии од категоријата Шах |
---|
Основи |
---|
Теорија |
Отворање · Средишница |
Натпреварувања |
Олимпијада |
Организации |
|
Списоци |
Поими · Книги · Партии |
Првите неколку турнири биле мали, со 4 натпреварувачи во 1938, кои биле Холанѓани..
Првите 5 турнири биле исти, а турнирот се одржувал во почетокот на јануари.
Во 1943 и 1944, на турнирот учествувале 8 шахисти. Во 1945, турнирот не се одржал поради Втората светска војна. Првиот меѓународен турнир се одржал во 1946. Бројот на натпреварувачи изнесувал 10. На турнирот биле поканети Алберик ОќКели де Галвај (Белгија) и Госта Столц (Шведска), кои им се пруидружиле на осуммината холандски шахисти. На турнирот настапувале 10 шахисти, сѐ до 1953, кога бројот пораснал на 12, а исто така бил одржан и турнир во женска конкуренција. Во 1954, бројот на натпреварувачи се вратил на 10, но моќта на шахистите буила неспорно поголема. Во 1963, учествувале 18 шахисти, а во 1964 16. Турнирот станал најсилниот шаховски турнир во светот.
Турнирот во 1946 бил еден од првите европски шаховски турнири по Втората светска војна. Храната претставувала проблем во Европа, па на турнирот се организирала причест на која се служела чорба од грашок. Ваквата причест продолжила и во наредните години, а останала традиција и по преместувањето на местото на настанот од Бевервијк во Вајк ан Зе.
Победници на турнирот
[уреди | уреди извор]„Турнир Хоговенс“ Бевервијк
[уреди | уреди извор]„Турнир Хоговенс“ Вајк ан Зе
[уреди | уреди извор]„Турнир Корус“ Вајк ан Зе
[уреди | уреди извор]Година | Победник | Земја |
---|---|---|
2000 | Гари Каспаров | ![]() |
2001 | Гари Каспаров | ![]() |
2002 | Евгени Бареев | ![]() |
2003 | Вишванатан Ананд | ![]() |
2004 | Вишванатан Ананд | ![]() |
2005 | Петар Леко | ![]() |
2006 | Веселин Топалов Вишванатан Ананд |
![]() ![]() |
2007 | Веселин Топалов Левон Аронјан Тејмур Раџабов |
![]() ![]() ![]() |
2008 | Магнус Карлсен Левон Аронјан |
![]() ![]() |
2009 | Сергеј Карјакин | ![]() |
2010 | Магнус Карлсен | ![]() |
„Турнир Тата стил“ Вајк ан Зе
[уреди | уреди извор]
Година | Победник | Земја |
---|---|---|
2011 | Хикару Накамура | ![]() |
2012 | Левон Аронјан | ![]() |
2013 | Магнус Карлсен | ![]() |
2014 | Левон Аронјан | ![]() |
2015 | Магнус Карлсен | ![]() |
2016 | Магнус Карлсен | ![]() |
2017 | Весли Со | ![]() |
2018 | Магнус Карлсен | ![]() |
2019 | Магнус Карлсен | ![]() |
2020 | Фабијано Каруана | ![]() |
2021 | Јорден ван Форест | ![]() |
2022 | Магнус Карлсен | ![]() |
2023 | Аниш Гири | ![]() |
2024 | Веј И | ![]() |
2025 | Рамешбабу Прагнанандха | ![]() |