Шафранска ѕвингалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шафранска ѕвингалка
Saffron finch (Sicalis flaveola) male.JPG
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тангери
Род: Жолти ѕвингалки
Вид: Шафранска ѕвингалка
Биномен назив
Sicalis flaveola
(Linnaeus, 1766)

Шафранска ѕвингалка (науч. Sicalis flaveola) — птица од семејството на тангерите (Thraupidae) од Јужна Америка која често се среќава по отворените и полуотворените рамници вон Амазонската Низина. Има широка распространетост во Колумбија, северна Венецуела (каде се нарекува „тавански канаринец“), западен Еквадор, западно Перу, источен и јужен Бразил (каде се нарекува „домороден канаринец“), Боливија, Парагвај, Уругвај, северна Аргентина и Тринидад и Тобаго. Видот е доведен и на Хаваите, Порторико и други места. Иако најчесто се нарекува канаринец, не е во сродство со таа птица.

Мажјакот е светложолт, со портокалово теме, кое го одликува од останатите жолти ѕвингалки (освен џуџестата жолта ѕвингалка). Женката лесно се меша бидјеќи е само за нијанса побледа од мажјакот, но кај јужниот подвид S. f. pelzelni истата е маслиновокафеава, со впечатливи темни линии.

Птицата најчесто се гнезди во шуплини, во напуштени гнезда на црвениот печкар (Furnarius rufus), на бамбусови гранчиња и под куќни покриви. Не ѝ пречи човечкото присуство, и се јавува по населбите и посетува птицопои. Има пријатна, но повторлива песна и интересен изглед, па затоа се чува и како миленик. Мажјаците се полигамни (се парат со две женки) и се одликуваат со територијалност, поради што луѓето со нив приредуваат борби во кафез.[2][3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Sicalis flaveola. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. Cf. José Felipe Monteiro Pereira, Aves e Pássaros comuns do Rio de Janeiro, Rio de Janeiro, Technical Books, 2008, ISBN 978-85-61368-00-5, стр. 134
  3. Peters, Sharon (9 March 2010). „Authorities crack down on finch-fighting rings“. USA Today. Посетено на 26 April 2017.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]