Шауловиот син

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Шауловиот син“
200п
Постер за филмот
РежисерЛасло Немеш
Продуцент
  • Габор Шипош
  • Габор Рајна
Сценарист
НастапуваатГеза Рериг
Левенте Молнар
Урс Рехн
Тод Чармонт
Шандор Сотер
Амитаи Кедар
Уве Лауер
Кристијан Хартинг
Јержи Валчак
Марцин Чарник
Левенте Орбан
Атила Фриц
МузикаЛасло Мелиш
КинематографијаМатјаш Ердељ
МонтажаМатје Тапонје
ДистрибутерМозине
Премиера15 мај 2015 (2015-05-15) (Кан)
11 јуни 2015 (2015-06-11) (Унгарија)
Времетраење107 минути[1]
ДржаваУнгарија
Јазик
  • германски
  • унгарски
  • полски
  • јидиш
  • руски
  • словачки
  • чешки
Буџет€1,5 милион[2]
Бруто заработка$6,2 милиони[3]

Шауловиот син (унгарски: Saul fia) – унгарски филм од 2015 година во режија на Ласло Немеш, кој е коавтор на сценариото, заедно со Клара Ројер. Дејството се одвива во концентрациониот логор Аушвиц за време на Втората светска војна и следи ден и половина во животот на Шаул Ауслендер (кого го игра Геза Рериг), унгарски член на сондеркомандо.[4]

Филмот премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2015 година,[5] каде ja освоил Големата награда (Гран при).[6] Филмот добил Оскар за најдобар странски филм во 2016 година.[7][8] Тој е деветтиот унгарски филм номиниран за оваа награда, прв по „Ханусен“ од Иштван Сабо во 1988 година. Тој е втор унгарски филм што добил „Оскар“ по „Мефисто“ на Сабо во 1981 година.[9] Тој исто така го освоил „Златниот глобус“ за најдобар филм на странски јазик во 2016 година,[10] и станал првиот унгарски филм што ја освоил оваа награда.[11]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Саул Ауслендер (го игра Рериг) е Евреин, затворен во концентрациониот логор Аушвиц. Тој е член на посебната група затвореници (Sonderkommando) чија задача е да ги погребат телата на затворениците погубени во гасните комори. Откако е погубена една група затвореници, тој забележува едно момче за кое мисли дека е неговиот син и посакува да го закопа според еврејските обичаи. За таа цел, лекарот-Евреин го крие телото на момчето и подоцна му го предава на Саул, а тој упорно се обидува да пронајде рабин кој би го извршил обредот. Во меѓувреме, затворениците организираат бунт против нацистите, но Саул не сака да учествува во тоа, зашто е преокупиран со закопот. Откако пристигнува нова група затвореници, тој најпосле наоѓа рабин кого го спасува од стрелањето. Припадниците на специјалната група затвореници дознаваат дека утредента треба да бидат стрелани и го почнуваат бунтот при што некои од нив, меѓу кои се Саул и рабинот успеваат да побегнат во шумата. Додека се обидува да ја преплива реката, Саул не може да го издржи товарот што го носи и водата го однесува телото на мртвото момче. Потоа, бегалците одмораат во една шумска колиба, а Саул забележува едно дете. Тогаш пристигнува нацистичката потера...[12]

Идеја[уреди | уреди извор]

Немеш идејата за филмот ја добил читајќи ја книгата „Свитоците од Аушвиц“, своевидна колекција на сведочења на членовите на сондеркомандо,[13] која ја открил додека работел како асистент на Бела Тар на филмот „Човекот од Лондон“ во 2005 година.[2][14] Немеш и Ројер поминале неколку години истражувајќи ја оваа тема и пишувајќи сценарио со помош на познати историчари за холокаустот.[2][15] Продуцентот имал доста проблеми да најде финансиски средства за снимање заради неконвенционалниот пристап на тематиката и заради неговото продуцентско неискуство.[2][16] Режисерот главната улога му ја доделил на унгарскиот поет Геза Рериг, иако тој не глумел на филм уште од осумдесеттите години на минатиот век.[2][16]

Снимање[уреди | уреди извор]

Филмот е снимен во Будимпешта за 28 дена, на филмска лента од 35 милиметри.[2][14][17]

Награди[уреди | уреди извор]

Филмот премиерно бил прикажан на Канскиот фестивал, каде ја освоил Големата награда (Гран при). Наишол на одличен прием кај филмските критичари. Исто така, филмот освоил Оскар за најдобар странски филм во 2016 година, како и Златен глобус за најдобар странски филм истата година. На разни фестивали, филмот освоил вкупно 61 награда и имал уште 58 номинации.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Son of Saul (15)“. British Board of Film Classification. 3 November 2015. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Kilday, Gregg. „How 'Son of Saul' Defied the Dangers of Re-Creating the Holocaust“, „The Hollywood Reporter“, 16 ноември 2015.
  3. „Saul fia (2015)“. The Numbers. 
  4. „In ‘Son of Saul,’ Laszlo Nemes Expands the Language of Holocaust Films“. The New York Times. 14 December 2015. конс. 16 January 2016. 
  5. „2015 Official Selection“. Cannes. конс. 16 April 2015. 
  6. Henry Barnes (24 May 2015). „Cannes 2015: Jacques Audiard's Dheepan wins the Palme d'Or“. The Guardian. 
  7. Ford, Rebecca (14 January 2016). „Oscar Nominations: The Complete List“. The Hollywood Reporter. конс. 14 January 2016. 
  8. Szalai, Georg (28 February 2016). „Oscars: Hungary Wins Its First Foreign-Language Honor Since Fall of Communism“. The Hollywood Reporter. конс. 29 February 2016. 
  9. „Son of Saul: Foreign Language Film - Nominees“. Oscars. 14 January 2016. 
  10. „Golden Globes: The Complete Winners List“. The Hollywood Reporter. 11 January 2016. 
  11. Nick Holdsworth (11 January 2016). „Golden Globes: Hungary Celebrates First-Ever Win for 'Son of Saul'. The Hollywood Reporter. 
  12. IMDb, Son of Saul (2015) (пристапено на 16.5.2019)
  13. Chare, Nicolas; Wiliams, Dominic. „How Documents Buried by Jewish Prisoners at Auschwitz Tell the Story of Genocide“. Slate: The Vault. 
  14. 14,0 14,1 „Son of Saul“ (PDF). Films Distribution. 
  15. Chang, Kee. „From the Archives: Son of Saul“, „Anthem Magazine“, 17 мај 2015.
  16. 16,0 16,1 Macnab, Geoffrey. „Laszlo Nemes talks Hungary's Oscar submission 'Son Of Saul'“, „Screen Daily“, 13 ноември 2015.
  17. Ács, Gábor. „A Saul fia rendezőjével a díjeső után“, „Euronews“, 23 мај 2015 (посет. 24. 4. 2016 г). (на Hungarian)
  18. IMDb, Son of Saul (2015) Awards (пристапено на 16.5.2019)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]