Шарл Ролен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шарл Ролен
CharlesRollin.JPG
гравура на Шарл Ролен од книгата Древната историја
Роден/а30 јануари 1661
Париз, Франција
Починат/а14 декември 1741
Париз, Франција
Занимањеисторичар, просветител
Националностфранцузин

Шарл Ролен (30 јануари 166114 декември 1741) — француски историчар и просветител, кој бил доста популарен во своето време, но подоцна бил заборавен.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ролен бил син на мајстор за кујнски прибор, а на 22 години дипломирал на универзитетот Сорбона. Во 1694 бил поставен за ректор на универзитетот, а освен обавување на таа должност, го проучувал и грчкиот јазик. На функцијата останал две години, а во 1699 бил назначен за директор на колеџот Бове. Ролен застапувал јансенистички ставови, а ги бранел и наводните чуда кои сметал дека биле дело на теологот Франсоа де Пари. За жал, поради неговите религиозни ставови му биле одземени овластувањата и го разрешиле од местото директор, но повторно бил назначен во 1719. Се смета дека поради истата причина не бил избран за член на француската академија. Кратко пред неговата смрт се изјаснил против папската була Unigenitus.

Книжевното творештво на Ролен датира од подоцнежниот период во неговиот живот, кога му било забрането да предава. Неговата 12–томна Древна историја (1730–38) се сметала за дело без цврсти историски докази, некритична и малку неточна. Но следните генерации се заинтересирале за книгата и ја проучувале. Друго негово важно дело е Traité des études (1726–31) во кое е резимирано како би требало да се реформира образовниот систем, отфрлајќи ги средновековните традиции кои се задржале во Франција, нагласувајќи го значењето на националната историја и намалувајќи го обемот на латински јазик во учебниците. Ролен почнал да пишува книги откако наполнил 60 години.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: