Шарлоте Ленмане
Изглед
Шарлоте Ленмане | |
---|---|
Роден(а) | 8 февруари 1998 |
Потекло | Рига, Латвија |
Жанрови | Денс-поп, електропоп, европоп |
Занимања | пејачка, текстописец |
Инструменти | вокал, тапани, синтисајзер |
Шарлоте Ленмане (латвиски: Šarlote Lēnmane; родена на 8 февруари 1998 година) - латвиска пејачка. Таа ја претставувала Латвија на Детската Евровизија 2010 во Минск, Белорусија, по пет години неучествување на Латвија на ова натпреварување.[1]
Ленмане е родена во Рига. На 14 март 2010 година, таа победила на фестивалот во Латвија, наречен „Balss pavēlnieks“ (Господар на гласот) со песната „Dziesma pustumsā“, препев на песната на пејачката Ајша. Ова влијаело на националниот латвиски ТВ канал да ја избере за нивна претставничка на Детската Евровизија.
Таа завршила на 10-тото место на Детската Евровизија 2010 со песната „Viva la Dance“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Šarlote Lēnmane to represent Latvia in the JESC 2010 in Minsk“. ESCKaz. Посетено на 28 ноември 2020.
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Kids4Rock |
Латвија на Детската Евровизија 2010 |
Наследник Аманда Башмакова |