Прејди на содржината

Шарка (оков)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шарка

Шарка — цилиндрично желевце наменето за монтирање порти, врати, прозорци или подвижни делови кај мебелот, каросериите на возилата и куќиштата на разни механизми.[1][2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Најмалку од средниот век, шарките се користеле за подвижните одбранбени мостови кај утврдените објекти. Во современата архитектура, шарките се користат кај градби каде што се очекува одредено слегнување на објектот во текот на неговиот животен век.

Стара железна шарка од осков тип

На пример, објектот „Дејкин' во Бризбејн, Калифорнија, е изграден на колци врз заливска тиња. За да се овозможи слегнување на зградата, влезната рампа е направена на огромна шарка. Овој механизам бил функционален сѐ до октомври 2006 г., кога бил заменет поради оштетувања и преголем наклон на рампата.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]