Шаман
Шаман — според религиозните и мистичните верувања на шаманизмот, човек што претставува посредник во комуникацијата помеѓу материјалниот и духовниот свет.
Потекло на зборот
[уреди | уреди извор]Поимот „шаман“ го има во многу јазици низ светот.
Според една верзија, зборот потекнува од санскритскиот шраман (श्रमण śramaṇa) — патувачки отшелник, духовен подвижник аскет за време на Стара Индија. Заедно со будизмот, овој поим се проширил низ Азија и преку евенкиски јазик навлегол во македонскиот и западните јазици.[1] Според друга верзија, зборот има изворно тунгуско-манџурско потекло и произлегува од коренот са (са-ми/hа-ми/ша-ми) „знае“ + -ман (наставка за склоност на лице кон нешто), дословно: саман „оној што знае [она што на другите не им е дадено]“.[2]
Атрибути на шаманот
[уреди | уреди извор]Атрибути на шаманот при шамански обреди или други ритуали се ритуалната маска / покривката за глава, облеката, шаманските додатоци обдарени со мистична моќ, ѓерданот и тамбурата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Eliade Mircea. Shamanism: Archaic Techniques of Ecstasy (англ.). — Arkana Books, 1989. — P. 495. — 610 p. — ISBN 9780140191554
- ↑ Сравнительный словарь тунгусо-маньчжурских языков. — Л.: Наука, 1977. — С. 49—51. (руски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Шаман“ на Ризницата ? |