Шаблон:Portal:Montenegro/Intro

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црногорско знаме
Црногорски грб

Црна Гора (црногорски: Crna Gora) е независна држава на Балканскиот Полуостров. Црна Гора на југозапад излегува на Јадранското Море, додека на запад граничи со Хрватска, на северозапад со Босна и Херцеговина, на североисток со Србија, на исток со Косово и на југозапад граничи со Албанија. Најголем и главен град на Црна Гора е Подгорица, а Цетиње е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град.

Историјата на Црна Гора датира уште од 9 век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав ја добил битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин. Од 11 век државата почнала да се нарекува Кнежевство Зета, но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон Рашка и почетокот на династијата Црноевиќи кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од Отоманската империја, Црна Гора се одделила во 1878 година. Од 1918 година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласа за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.

Дознајте повеќе...